Контакт

Соопштенија

Османи во работна посета на Италија и Светиот Престол

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од денеска ќе биде во работна посета на Италија и Светиот Престол.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе се сретне со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и состанок со членовите на Комисијата за надворешни работи при Долниот дом на Парламентот, предводени од претседателот на Комисијата, Пиеро Фасино.

На средбите се очекува да бидат отворени прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на Европската Унија, и во тој контекст, поддршката од страна на Италија за почеток на преговорите на Северна Македонија. Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе биде  опфатено продлабочувањето на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Османи ќе го посети и Светиот Престол каде што ќе има средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер. Покрај можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Светиот Престол во области од заемен интерес, а ќе се разговара и за теми засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовни традиции.

Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе се сретне и со претставници на здруженијата на нашата дијаспора, активни во Италија, со кои ќе размена информации за темите од нивен интерес, за нивните потреби, но и идеи. Во фокусот на овие средби ќе биде и пописот на нашите граѓани во странство, и начините за анимирање на што е можно поголем дел од дијаспората во овој процес.

Македонија

СДСМ: Ги зголемивме платите во образованието за 36 отсто во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието. За пет години, платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени 36 проценти во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека од 2017 година платата на речиси 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници, се зголеми повеќе од една третина. Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од приближно 3.000 денари од вработен.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот трпи за леб, Ковачевски екстра профитира

Објавено пред

Продолжува аферата „Броило“, вредна над 26 милиони евра, со нови детали, а граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов преку злосторничко здружување екстра профитираат. За кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, а за граѓаните броилото врти за осиромашување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните. Додека стопанството плаќа двојно поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека фирмата „Пиксен“, која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата „КМГ ЕОЛ квазар“, изминативе години, само од државните институции зеле над 2 милиона евра. Над 1,8 милион евра соларниот картел зел и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезертер Ковачевски. Исто така, фирмите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.

Аферата „Броило“ продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов.

Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија, ќе има одговорност, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата, поддршка за граѓаните и фирмите

Објавено пред

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси. Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима. Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%. Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската. Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион54 минути

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа2 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет3 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија6 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија6 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија7 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија7 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија7 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет8 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет8 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија9 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија10 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет11 час

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет11 час

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет12 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа12 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет12 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет12 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...