Контакт

Соопштенија

Османи: Солидарноста е европска вредност која значи стабилност, сигурност и просперитет

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, остварија увид на новиот мост и браната во Свети Николе кои се реконструирани со финансиски средства од ЕУ преку програмата за намалување на штети од поплавите, во реализација на УНДП.

„Во периодот на непогодни климатски прилики во 2015 година, дури 44 од 80-те општини во Македонија беа погодени со поплава, што создаде потреба од средства за итна санација на штетите, но ја покажа и фрагилноста и неподготвеноста на државата да се справи со предизвиците и последиците од климатските промени “ – истакна Османи пред присутните претставници на медиумите. Тој посочи дека за оваа намена, изминативе три години, преку ИПА средствата на Европската Унија, реализирани од страна на канцеларијата на УНДП, успешно се имплементирани проекти во висина од 10 милиони евра со кои значително се подобрени состојбите, како во отстранување на последиците, така и во смисла на превенција од евентуални идни климатски непогди.

„Со почитуваната г-ѓа Луиза Винтон направиме обиколка на реконструираниот мост и браната во Свети Николе, кои беа целосно оштетени во поплавите од 2015 година, а подоцна санирани со оваа програма. Овие успешни проекти, иако можеби претставуваат мал дел од серијата проекти кои се реализирани за оваа намена, претставуваат многу важна придобивка за локалните жители кои живеат овде или кои гравитираат околу општина Свети Николе, како од аспект на санација на настанатата штета од поплавите, така и од аспект на превенција и сигурност за нивната средина во иднина”- истакна Османи.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од првиот круг покажаа дека во моментов сме најголема политичка сила во земјава

Објавено пред

Зоран Заев и власта се целосно делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори, констатирано е на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која што се анализирал исходот од првиот круг на изборите за претседател.

„Резултатите на првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност, а наскоро по победата на претседателските избори ќе ја води државата“, се наведува во партиското соопштение.

Членовите на ЦК го поздравиле резултатот постигнат на првиот круг на претседателските избори, при што изразиле целосна подготвеност и решеност да се поминат и последните милиметри до конечна победа на изборите.

„Анализата на добиените гласови по општини и изборни единици покажуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ во 47 општини, што се должи на успешното препознавање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на волјата на граѓаните да расчистат со криминалните политики на власта. Незадоволството на граѓаните е големо, расте со секој изминат ден и тоа ќе биде изразено на денот на изборите. Ниеден притисок, ниедна уцена од апсолутистичката власт не е посилно од сувереноста на гласот зад параванот. Оттука, упатен е апел до неопределените и оние кои не излегоа на гласање на првиот круг на овие избори, а не се согласуваат со политиките на власта, на вториот круг да излезат и да дадат поддршка за Гордана Сиљановска Давкова“, стои во соопштението од опозициската партија.

Од страна на Централниот комитет била упатена и покана до сите поранешни функционери и видни личности од ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа, да се вклучат и да помогнат во изодувањето на, како што се вели, последните милиметри до победа на Претседателските избори 2019.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Здравковски: Граѓаните имаат моќ да направат разлика, татковината не го заслужува ова што ѝ се случува

Објавено пред

Првиот круг од претседателските избори беше процес во кој за првпат сме сведоци за една слаба излезност и апатија од страна на граѓаните, како во општина Велес, така и во цела држава, рече на прес-конференција Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Според него, малата излезност се должи на две работи кои се случуваат во последните години.

„Првата работа е немањето визија за иднината, немање никакви инвестиции, немање желба за подобар стандард на граѓаните и слух за нивните проблеми. Втората причина за мала излезност, според нас, е носењето на штетни одлуки и непочитувањето на волјата и одлуките на народот во последните 2-3 години“, истакна Здравковски.

Тој порача дека како партија се согласуваат со зборовите на лидерот на СДСМ, дека граѓаните и политичарите треба да носат тешки одлуки, но не се согласуваат со тоа дека одлуките треба да бидат штетни за граѓаните.

„Сите сме сведоци дека и покрај поразот на парламентарните избори, СДСМ благодарение на ‘чадорот’ и ‘криминалците од ДУИ’, како што ги нарекуваа тие, ги узурпираа институциите. И покрај волјата на народот на 30 септември, најдоа начин да не ја испочитуваат нивната одлука. И покрај волјата на народот во однос на договорите со Бугарија, Тиранската платформа и договорот од Преспа, тие останаа глуви на неговите барања. Повеќе никој не верува во правниот систем“, нагласи претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.

Тој на граѓаните им порача дека можат да направат разлика, да казнат или наградат одлука на секој што бара поддршка од нив.

„ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, ви честита за правилниот избор во првиот круг. Но, пред конечната одлука за тоа кој сакаме да ни биде претседател на нашата татковина Република Македонија, има уште две недели. Овие денови ќе има закани, притисоци, убедувања дека сè е решено. Ве молам да издржите, да издржиме сите заедно и да донесеме повторно уште поголема победа за Македонија“, истакна Здравковски додавајќи дека татковината заслужува достоинство и многу повеќе од она што ѝ се случува во овие моменти.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

СДСМ: Политички земјотреси во земјата правеше Груевски, тоа се речникот и матрицата на Силјановска

Објавено пред

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…, тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов, кои 11 години им штетеа на граѓаните и државата, соопшти СДСМ.

„Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Силјановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Силјановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласа помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Силјановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски, очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг, а Силјановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси, кои ги застапува Силјановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски, ‘Заедно напред’“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет12 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет16 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија17 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ17 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ17 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија18 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија19 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет19 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион20 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет20 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет21 час

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ1 ден

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа1 ден

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20191 ден

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет1 ден

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20192 дена

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20192 дена

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20192 дена

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие