Контакт

Соопштенија

Отворени две нови единици на Меѓународниот балкански универзитет

Објавено пред

Меѓународниот балкански универзитет официјално ги отвори двете нови единици – Факултетот за дентална медицина, со програма за академски студии за дентална медицина; и Високата медицинска школа, со програми за стручни студии за медицинска сестра и акушерка. Наставната програма на овие две нови единици се спроведува од искусни предавачи и еминентни имиња во медицината од земјата и странство.

„Отворањето на овие две нови единици претставува нова ера за Меѓународниот балкански универзитет, но и за висоокобразовниот систем во нашата држава. Ова е значаен чекор во едуцирање нов квалитетен кадар и во вложување во квалитетни здравствени услуги, а со тоа и придонесот на МБУ кон здравствениот сектор во земјата. Со ова уште потврдуваме дека сме на страна на нашите студенти овозможувајќи им квалитетно стручно образование во областа на денталната медицина, медицинските сестри, акушерство и обезбедувајќи им перспективна кариера. Нашите студенти имаат можност да го стекнат своето знаење во средина што нуди квалитетен професорски кадар, врвна технологија и современ пристап кон изучување на една од најстарите и најблагородни науки“, истакна Ајдован Адемоски, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет.

На официјалното отворање на новите единици на Универзитетот беа присутни претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, проф. д-р Мустафа Шентоп, и министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Со цел обезбедување сеопфатна квалитетна едукација на новиот кадар, Меѓународниот балкански универзитет соработува со Универзитетот „Аџибадем“ во Истанбул – Турција и со болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје, а во делот на спроведување практична настава на студентите на овие две единици разви соработка со јавните здравствени установи, ГОБ „8 Септември“, Универзитетскиот стоматолошки клинички цетар „Св. Пантелејмон“ и со „Здравствниот дом“ – Скопје.

Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа со почетокот на академската 2021/2022 година ги примија и првите генерации студенти во нов објект во рамките на универзитетскиот кампус, опремен со најсовремени лаборатории и кабинети, со професионален академски кадар, кој на идните генерации ќе им понуди светски стандард на образование во медицинските и здравствените науки во Скопје.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните, затоа Ковачевски бега од избори

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, затоа администраторот на владата водена од ДУИ, Ковачевски, бега од избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ води со 22.5% пред СДСМ со 17.9%. Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ константно расте, додека за СДСМ паѓа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните споредено со сите политичари во Македонија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја ужива довербата на 17.7% од граѓаните, наспроти Димитар Ковачевски кој го поддржуваат само 5.5%.

Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и затоа бега од избори.

Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Со конструкции за „Градски Паркинг“ не може да се сокрие неспособноста на Арсовска

Објавено пред

Со конструкции за ЈП Градски Паркинг не може да се сокрие неспособноста на Арсовска, таа не знае да менаџира со парите на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ создава конструкции околу ЈП Градски Паркинг во обид да ја сокрие неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска нешто да сработи за граѓаните. Додека Град Скопје обезбедува финансиска поддршка од пет милиони денари или над 80.000 евра за ЈП Градски Паркинг, Арсовска ги намалува цените за паркирање кои се главен извор на приход на ова Јавно градско претпријатие.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат пари од владата, а општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партизација на администрацијата.

Граѓаните и општините не заслужуваат градоначалници кои работат исклучиво за лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пристапот на СДСМ и заевизмот во енергетиката носи кризи и скапо ги чини граѓаните

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од владејачкиот СДСМ да го смени досегашниот пристап во енергетиката оти, како што велат, народот тоа скапо го плаќа.

„Ако тоа е штитење на стандардот на граѓаните, тогаш е јасно зошто сиромаштијата во Македонија забрзано расте. Поради нивниот несериозен и неодговорен пристап, поскапеа електричната енергија и парното за 15 %. Поради кадрите и енергетските политики на заевизмот, Македонија е во енергетска и топлинска криза, која граѓаните ја плаќаат двапати, еднаш преку тешки милиони од народни буџетски пари, а вторпат преку поскапи сметки за секое домаќинство.

Кадрите на заевизмот дозволија да се увезува скапа струја, да се краде од европскиот систем, само поради тоа што не произведуваа домашна струја, која е 3-4 пати поевтина од увозната, а не произведуваа затоа што акумулациите беа испразнети и немаше ископ на јаглен.

Кадрите на заевизмот дозволија криза со парното затоа што навреме не договараа увоз на гас, како што тоа го правеа одговорните лидери од другите европски земји.

Ете тоа се погубните резултати од досегашниот пристап на СДСМ и заевизмот во енергетиката. Тие, како што призна и нивниот потпретседател, секогаш се водат од личниот и од партискиот интерес наместо од интересот на државата и граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија5 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет7 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија9 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија12 часа

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ13 часа

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет13 часа

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион14 часа

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија15 часа

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија1 ден

Пред да почине Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија1 ден

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија1 ден

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион1 ден

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија1 ден

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија2 дена

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија2 дена

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет2 дена

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија2 дена

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет2 дена

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија2 дена

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Досие