Контакт

Соопштенија

Павле Трајанов предлага темелни реформи на изборното законодавство

Објавено пред

Повеќе пратеници иницираат средба на која треба да се разговара за реформи на изборното законодавство, информира Павле Трајанов, пратеник од партијата Демократски сојуз.

„Набргу пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова влада и програма за работа на владата во периодот 2022 – 2024 година“, објаснува тој.

Трајанов предлага еден од врвните приоритети да бидат темелните реформи на изборното законодавство.

„Да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите големи партии, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.

Новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, но измените на Изборниот законик, кои се во собраниска постапка, да се донесат до 15 јануари 2022 година“, посочува лидерот на Демократски сојуз.

Заради градење заеднички и усогласен став, тој бара да се одржи работна средба, по можност в понеделник (13 декември), со почеток во 13 часот.

Соопштенија

СДСМ: Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија кои носат придобивки за граѓаните

Објавено пред

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи. Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави, потенцираат од СДСМ.

Додаваат дека двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрните науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.

Ова, како што објаснуваат од партијата на власт, е сериозен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји кој носи придобивки за двете земји.

„Владата предводена од СДСМ во следниот период ќе се посвети на зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура, мобилност, дигитализација, брз проток на информации. Со ваквиот пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе се продлабочи соработката, туку и ќе се најде заедничко прифатливо решение за отворените прашања. Убедени сме дека во духот на европските вредности, зачувувајќи го нашето достоинство ќе најдеме решение за отворените прашања со што ќе се надминат пречките за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да се справи со ковид-кризата, за еден ден над 2.000 позитивни лица

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека власта е неспособна да се справи со ковид-кризата, а за еден ден над 2.000 лица се позитивни.

„Власта не знае како да се справува со ковид-кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини. Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со ковид. Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од ковид“, велат од оваа партија.

Како резултат на лошиот пристап, додаваат од таму, имаме над 8.000 починати од ковид, тоа е население, колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово, посочуваат од партијата на Мицкоски.

Сугерираат дека се потребни итни мерки за справување со ковид-кризата и одговорен пристап.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Меморандумите со Бугарија се обланда, исти вакви потпишуваа и во 2017, а резултати нема

Објавено пред

Договорот што Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истата погубна политика на Заев, сметаат од таму, ја продолжува и пионот Ковачевски. Според оваа партија, наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која, како што велат, сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата.

„Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017 година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму по договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија“, е наведено во писмената реакција од опозициската партија.

„Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пион Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на заевизмот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија57 минути

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ4 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа4 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија6 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа6 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа8 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија20 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија20 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија23 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија23 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Досие