Соопштенија
Партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ го одбележаа 4 мај
Партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ, денес го одбележеа 4 мај – денот на смртта на најголемиот македонски великан Гоце Делчев. Партиски делегации во повеќе градови во државата му оддадоа почит на најголемиот национален херој, кој својот живот го положи за независна и суверена Македонија.
Партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ му оддадоа почит на великанот во Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино, Штип, Гостивар, Кратово, Делчево, Куманово, Виница и во Радовиш.
„Живееме во време кога поради политиките на власта, се оспоруваат македонскиот, јазик, историјата, името и идентитетот, како припадноста на Делчев, а без Делчев нема Македонија, Делчев е Македонија. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и не смее да биде предмет на какви било преговори и договори. Со својата визија тој го обедини македонскиот народ во борбата за македонска држава. Како што го паметат нашите мајки и татковци, баби и дедовци, така ќе го паметиме и ние – како Македонец. Сè додека се сеќаваме и го паметиме, додека Делчев е жив во нашите срца, жива ќе е и Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Митови и факти за „Мазут“- што покажуваат официјалните податоци
Одлуката за запирање на истрагата во случајот „Мазут“ повторно е во фокусот на јавноста, особено по изјавите на државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој оцени дека е подобро постапката да заврши во оваа фаза отколку да се поднесе обвинение кое подоцна не би можело да се одржи пред суд. На брифинг со новинарите, Савески застана зад одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека е изненаден од дел од реакциите што следуваа по нејзиното донесување.
Додека институциите располагаат со сите релевантни информации и докази, граѓаните најчесто ги формираат своите ставови врз основа на медиумски извештаи, политички изјави и различни толкувања на настаните. Оттука, како што претходно соопшти ОЈО ГОКК, недостигот на докази бил клучниот фактор поради кој истрагата била запрена.
Најголемиот интерес во јавноста се однесуваше на прашањето дали мазутот што бил користен во периодот опфатен со истрагата имал негативно влијание врз животната средина и квалитетот на воздухот.
Во Македонија постои јасно дефинирана регулатива што го уредува квалитетот на течните горива. Правилникот за квалитет на течните горива предвидува контрола на повеќе параметри кај мазутот, меѓу кои се содржината на сулфур, вода, пепел, седименти, точката на палење, калориската вредност, вискозитетот и содржината на карбон. Покрај тоа, државните институции вршат континуирани контроли преку Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. Во конкретниот случај не било констатирано надминување на законски утврдените гранични вредности. Македонија инаку има една од најстрогите регулативи кога станува збор за квалитетот на горивата.
Официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино покажуваат дека во текот на периодот кој беше предмет на истрагата редовно се следел квалитетот на воздухот. Иако во јавноста често се појавуваа тврдења за можно загадување и труење, во извештаите не било регистрирано загадување што би можело да се поврзе со работата на електраната.
Мазутот често е предмет на критики во јавните расправи за животната средина, но искуствата на повеќе европски држави покажуваат дека неговата употреба може да биде во согласност со високите еколошки стандарди кога се применуваат соодветни технологии и контроли.
Во Финска, Шведска, Данска, Германија и Франција мазутот со години се користи како резервен енергетски капацитет кој обезбедува сигурност на електроенергетските системи. Франција одржува стратешки термоцентрали на течно гориво за брза реакција во услови на енергетски притисок, додека Естонија има долгогодишно искуство во користење на тешки масла и нафтени шкрилци. Во Грција, нафтените деривати и натаму се користат за производство на електрична енергија на островите кои не се поврзани со централната мрежа. Норвешка, пак, иако најголемиот дел од електричната енергија го добива од хидропотенцијалот, располага со резервни нафтени капацитети и инвестира во напредни технологии за складирање на јаглерод.
Но, ако загадувањето во Неготино е од мазутот, зошто градот Скопје е меѓу најзагадените во светот, а не се употребува мазутот? Компанијата РК, која беше дел од овој случај, никогаш не носела мазут во Скопје.
Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика месечно врши контрола од каде купуваат фирмите кои имаат лиценци и каде продаваат. Согласно извештаите, евидентно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај ова, Скопје редовно е помеѓу топ пет најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.
Во однос на економските аспекти на случајот, значајно е што АД Електрани на Северна Македонија не пријавиле штета поврзана со предметот. На ова во повеќе наврати се осврна и професорот Гордан Калајџиев, кој постави прашање дали воопшто постои основ за жалба против одлуката на ОЈО ГОКК ако нема утврдена финансиска штета.
Анализите на движењето на цените на електричната енергија на европските берзи покажуваат дека во периодот опфатен со истрагата Македонија би требало да потроши околу 880 милиони евра за увоз на струја доколку ТЕЦ Неготино не била ставена во функција.
Дополнително, тогашната енергетска криза не беше само прашање на високи цени. Во голем број европски земји постоеше реален недостиг на природен гас, мазут, дизел и електрична енергија, што создаде сериозни предизвици во снабдувањето. За разлика од денешните кризни состојби, кои најчесто се поврзани со ценовни осцилации на нафтата и нафтените деривати, тогаш голем дел од државите се соочуваа и со проблем на достапност на енергенсите.
Податоците покажуваат дека ТЕЦ Неготино како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра годишно за плати, одржување и други тековни трошоци. Од друга страна, според официјалните извештаи на ЕСМ, централата во текот на 2022 и 2023 година остварила профит од околу 30 милиони евра.
Конечната одлука за случајот ќе ја донесе Вишото јавно обвинителство. Сепак, и по запирањето на истрагата останува отворено прашањето дали предметот „Мазут“ може да се темели на финансиска штета која не е утврдена ниту од ЕСМ, ниту од државните институции.
Комерцијален текст
Соопштенија
Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје
Деловните врски на „Алкалоид“ со компаниите од Јапонија датираат од 1978 година, кога беше воспоставена соработката со корпорацијата ,,Фуџи филм“. Тогаш, со лиценца од овој партнер, беше пуштена во употреба фабриката за производство на рендген-филмови, со што „Алкалоид“ стана еден од само двата лиценцирани производители на вакви филмови во Европа.

Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст.

Речиси петдецениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, денес продолжува преку сегментот за хемодијализа, преку кој „Алкалоид“ успешно соработува со реномираните јапонски компании „Нипро“ и „Никкисо“, развивајќи заеднички деловни активности на повеќе пазари. Јапонската деловна нишка продолжува и преку „Алкалоид КОНС“, кој повеќе од една деценија успешно застапува производи од портфолиото на јапонскиот фармацевтски гигант „Такеда“.

Преку програмите на Јапонската асоцијација за техничка соработка и одржливи партнерства (AOTS), дел од менаџментот на „Алкалоид“ се здоби со нови знаења и вештини на специјализирани обуки во тренинг-центрите на организацијата во Осака, Нагоја и во Токио.

По официјалниот дел, делегацијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов, ги посети Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој, при што имаше можност одблизу да се запознае со високото ниво на технолошка опременост, применетите високи стандарди и со стручниот кадар кој управува со процесите. Во Институтот за истражување и развој беа презентирани и современите лабораториски системи и аналитичката опрема од реномирани јапонски производители, кои се дел од напредната истражувачка инфраструктура на компанијата.

Во контекст на долгогодишните врски на „Алкалоид“ со јапонски компании, како и на стратешката определба за меѓународен раст, посетата на Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара претставува дополнителен поттик за унапредување на соработката и за развој на нови партнерства со јапонскиот бизнис-сектор.

Амбасадата на Јапонија во Скопје е голем поддржувач на македонското здравство, со голем број остварени донации и доделени грантови за неколку здравствени капацитети во земјава.

ПР
Соопштенија
На музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
Филијалата на Халкбанк во Тафталиџе се претвори во сцена за уникатно музичко доживување. Во духот на светските Tiny Desk и Secret Experience концепти, клиентите и посетителите имаа можност да уживаат во ексклузивен pop-up концерт на популарниот музички артист, Young Dadi и неговиот бенд.

Наместо со вообичаено банкарско секојдневие, филијалата вчера беше исполнета со музика, енергија и опуштена атмосфера, а клиентите и вработените за момент ги ставија своите обврски на пауза и уживаа во хитовите на Young Dadi.
Со ова искуство, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата определба банката да биде повеќе од простор со шалтери, документи и трансакции. Таа може да биде и место за уникатно доживување, спонтана дружба, споделена доверба и вистински човечки поврзувања.


„Нашата идеја е да ја смениме перцепцијата на луѓето за униформираниот изглед и строго корпоративниот стил на банкарските филијали. Да покажеме дека Халкбанк, покрај квалитетни и поволни услуги, на своите клиенти може да им понуди и едно поинакво искуство кое не е директно поврзано со банкарското портфолио. Нема подобар начин за тоа од внесување на креативноста, уметноста и урбаната култура во брзото секојдневие на луѓето“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Pop-up настапот на Young Dadi е само дел од серијата настани кои Халкбанк ги организираше во своите филијали. Претходно, во повеќе филијали низ Македонија беа поставени изложби на уметнички дела, се организираа летни инсталации, настани за пензионери и креативни работилници за деца.

„Важни се луѓето“ и „Важна е културата“ не се само пораки на банката, туку начин на кој таа ја гради секојдневната комуникација, од односот меѓу вработените и клиентите, до соработката и поддршката на креативната сцена, културата и музиката.
Настапот на Young Dadi во Халкбанк донесе токму таква енергија и емоција. Блиска, автентична и неочекувана, покажувајќи дека некогаш најубавите моменти се случуваат токму таму каде што најмалку ги очекуваме.
(ПР)
