Контакт

Соопштенија

Петрушевски: Кумановци јасно ставија до знаење дека договорот со Грција е срамен

Објавено пред

Вчера уште еднаш, по којзнае којпат, СДСМ на дело покажа дека Куманово е заробен град. Вчера, под високи притисоци, СДСМ направи обид да ја мобилизира целата локална и државна администрација во Куманово, за присуство на трибина во Домот на културата, терајќи строго партиска агенда. Оваа трибина организирана од ОО на СДСМ Куманово во државен објект, на која 15-минутно излагање имаше министерот за надворешни работи, Никола Димитров, требаше да послужи за оправдување на срамниот и капитулантски договор со Грција, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен релативно слабиот одзив на уценетата и притисната локална и државна администрација, на трибината поддршка не дадоа кумановци, кои со тоа јасно ставија до знаење дека срамниот договор со Грција значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја. Пораката на кумановци е јасна, тие никогаш нема да прифатат или поддржат распродавање на националните интереси како параван за прикривање на криминалот во кој се впуштени Заев и неговите соработници. Куманово никогаш нема да поддржи криминални тендери и злоупотреби на народните пари. Граѓаните на Куманово не даваат поддршка на политичари кои го лажат и го делат народот. Интерес на најголемиот број на кумановци е Република Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО, каде може да не внесат само политичари кои поседуваат и практикуваат европски вредности“, рече тој.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Истрагата во случајот ,,Рекет” е фарса

Објавено пред

Истрагата во случајот ,,Рекет” е фарса, која има за цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен.Случајот е пријавен уште во април, по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на Јанева смислено и беше оставен 1 месец откако беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец, за истата да има доволно време да сокрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата, како би се уништиле трагите кои водат кон неа к кон главата на октоподот – Зоран Заев.

,,После месец дена откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци.Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?
ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ : Нови мерки со ребалансот на буџетот за ново покачување на платите

Објавено пред

Нови мерки со ребалансот на буџетот за ново покачување на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандардСДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на реални и развојни економски мерки кои економијата ја движат напред и носат се повеќе пари во семејните буџети, соопшти партијата.

Со ребалансот на Буџетот којшто од денеска влегува во собраниска процедура предвидени се нови мерки за покачување на платите, за повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

,,Ребалансот на буџетот обезбедува дополнителни 400 милиони денари за субвенционирање на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.Дополнително обезбедени се 200 милиони денари за вработување со што се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски досега 17.5%.

Бројни економски параметри покажуваат дека имаме активна, конкурентна и силна економија која нуди еднакви шанси за сите.Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто.Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, се разговара и за ново покачување.Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто.Доказ за успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ се официјалните податоци кои потврдуваат дека во првите два квартали од 2019 година имаме над 3 проценти раст на БДП.Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на условите во економијата со цел да се обезбеди економски раст, повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ се спроведуваа во судството 11 години

Објавено пред

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството 11 години се спроведуваа, реагираат од СДСМ на обвинувањата дека вработувањата во СЈО се вршеле според роднински врски.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема. Да ја потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам. Ексминистерот за правда Михајло Маневски, кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема ‘фамилијаризација’ на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски. Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.

Маја Маркова-Котевска, сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на антикорупциската комисија и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, е изворот на срамниот непотизам и партизација.

„Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата, во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев, кумашинче на Лиле Стефанова бил вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син. ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Тракторист загина во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Четириесетиосумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар. Несреќата се...

Македонија8 минути

,,Талир 2″: Ленче Ристоска на судењето дојде без стручeн соработник на СЈО

Обвинителката Ленче Ристоска утрово првпат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО. Таа...

Свет54 минути

Протекоа 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од сајтот „Буре без дно“, дошло до масивно протекување на полициски...

Свет55 минути

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокираше стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокираше стратешки мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет59 минути

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари, по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион2 часа

Палмер: Следната косовска влада треба да биде спремна да ги укине царините

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави дека следната косовска влада мора да биде...

Македонија2 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија2 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт15 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија18 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија18 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија21 час

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија22 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија23 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ24 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет1 ден

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет1 ден

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет1 ден

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет2 дена

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Досие