Соопштенија
Попова: Град Скопје почнува со транспарентно работење пред очите на јавноста

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Ирена Попова, која се осврна на реализацијата на буџетот за 2021 година, како и на транспарентноста, која по четири години повторно е вратена во Советот на Град Скопје, односно на отворените седници, кои онлајн се пренесуваат на социјалните мрежи со цел граѓаните да бидат запознаени со тековната работа на Советот на Град Скопје, како и во однос на донесувањето одлуки кои се однесуваат на скопјани.
Во однос на реализацијата на буџетот на Град Скопје за 2021 година, Попова истакна дека и овој буџет не е ништо поинаков од оној во изминатите четири години бидејќи едно заедничко нешто што ги поврзува сите овие четири буџети е огромната нереализација на ветените проекти од страна на поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.
Попова истакна дека пред четири години скопјани требаше да добијат нов лунапарк, односно самиот лунапарк беше доведен до финална фаза и крајна реализација. Но, како што вели Попова, некој од разни причини или од лична суета решил да го стопира градењето на лунапаркот во Скопје.
„Ова го зборував и на изминатите седници во поранешниот советнички состав, но не можам да го заобиколам ниту сега. Зборуваме за локалниот економски развој. Замислете, од предвидени 51 проект за развој на локалната економија, реализирани се едвај десет. Во однос на образованието, сакам да прашам каде се 28 милиони денари, кои беа вишок во училиштата од дотациите предвидени исклучиво за развој на образованието? Тоа се пари што Собранието преку донесувањето на буџетот ги обезбеди за развој на образованието, но и покрај пренамената на средствата, очигледно е дека тие средства се злоупотребени и не се наменети за развој на младите воопшто. Да не зборуваме за програмата за животна средина, каде што се остварени само субвенциите за клима-инвертери и за електрични тротинети. Тоа значи дека апсолутно ништо не е направено ниту за животната средина“, додаде Попова.
Во однос на привремените вработувања, поранешниот градоначалник Шилегов потрошил 28 милиони денари и за тоа може да се каже дека е единствената ставка каде што поранешниот градоначалник го сработил својот дел и ситуирал партиски другари од град Скопје. Петре Шилегов, како и сите негови соработници, треба да одговорат каде се парите што не се искористени за развој на градот, а биле планирани, како и тоа да им одговори на граѓаните каде се парите од продажбата на Градската куќа, заврши Попова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се менува во оваа партија

Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски. Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека токму таквите методи на психичко и физизичко насилство кон противниците, беше одлика на 11 годишниот режим и токму таквото однесување резултираше со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27ми април 2017 година.
Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката, ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.
Јавноста, граѓаните со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омрза, навреди и омаловажувања.
Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека братучедот на Груби гради дивоградба од 160 м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат ни оградата на терасата

Нема скандал во последниот месец од кој не излегува на виделина името на Артан Груби. Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека доколку Јавното обвинителство сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока. Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор.
Додека Груби и неговите блиски се богатат граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека фамилијата Груби стекнува деловни простори и гради хациенди, обичниот граѓанин нема пари оградата на терасата да си ја бојадиса. Додека блиските на Груби стекнуваат хотели и добиваат лиценци за баждарење, стотици луѓе заминуваат во странство заради егзистенција. Додека Груби се радува на скандалозниот тендер од 22 милиони евра, половина милион луѓе живеат во сиромаштија.
Ова мора да престане. Владата на Груби и Ковачевски мора да понесе одговорност за криминалите кои се прават, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ И СДС за косење трева плаќаат трипати поскапо од регионот, институциите веднаш да дејтсвуваат

Јавното претпријатие за државни патишта, кое е под владеење на ДУИ и СДС, плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на патиштата во Македонија, одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира услугите, се 3 пати поскапи од тие во регионот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ако ги споредиме цените во Македонија, со тие во соседна Србија, се доаѓа до фрапантна разлика. ЈПДП за косење на тревна површина на м2, според договорот цената е 12 денари, а додека српското претпријатие истото го плаќа 2,5 денари, што се однесува на делот, за косење на тревна површина со тежок пристап цената е 5 денари. Оттука излага дека ЈПДП плаќа 3 пати поскапа цена, за разлика од истото претпријатие во Србија.
Очигледен е криминалот кој го прават ДУИ И СДС, преку ова претпријатие. Институциите мора да се одважат и веднаш да реагираат, а не да бидат неми послушници, на оваа власт во заминување, се вели во соопштението.