Контакт

Соопштенија

Потпретседателот на ГДУ на покана на пратеничката група на Европските конзервативци и реформатори беше во посета на Брисел

Објавено пред

Потпретседателот на Граѓанско демократска унија, Енсер Јусуфоски, на покана на пратеничката група на Европските конзервативци и реформатори, кои се дел од коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформатори на Европа, присуствуваше на свечениот коктел на ACRE, што се одржа во Брисел, соопштија од паријата.

„ГДУ веќе беше дел од два настани организирани од Европските конзервативци и реформатори, во Брисел и во Софија. Како партија која дејствува во политичкиот спектар центар -десно и стои на изразито конзервативни позиции, ГДУ, ја продолжува соработката со козервативците во Европскиот парламент. Потпретседателот на ГДУ, Енсер Јусуфоски, оствари средби со претставници на ACRE, како најголема конзервативна коалиција во светот, а исто така оствари контакт со претставници на Conservative International, The conservative online и European Young Conservatives“, наведуваат од партијата во своето соопштение.

Соопштенија

(Видео) Локвенец: Во 2019 година реконструкција и изградба на над 700 километри патишта

Објавено пред

2019 година, освен година на интеграција и економски раст, е година и на сериозни инвестиции во патната инфраструктура, најави на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

„Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградба и реконструкција на најголем дел од патната мрежа.

Станува збор за изградба на нови и реконструкција на постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри со вкупна вредност од една милијарда и 270 милиони евра.

Модернизацијата на патиштата го олеснува животот на граѓаните, но и позитивно влијае врз економскиот раст и конкурентноста.

За нас развојот на инфраструктурата е еден од приоритетите за оваа година“, изјави Локвенец.

Откако се надминаа проблемите и се потпиша анекс-договорот со кој се заштедија 90 милиони евра, вели Локвенец, продолжува и изградбата на автопатот Кичево – Охрид, додека автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново до третата лента према Прилеп.

Меѓу позначајните проекти за оваа година, тој ги посочи изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Попов: Заев, Шилегов и Макрадули не се грижат за здравјето на граѓаните

Објавено пред

Зоран Заев, Петре Шилегов, Јани Макрадули и нивните соработници не се грижат за здравјето на граѓаните, а илјадници граѓани се директна жртва на големото загадување на воздухот, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција.

Впрочем, како што рече, и Светската здравствена организација и Европската агенција за животна средина ги потврдија сомнежите на јавноста дека секоја година голем број македонски граѓани ги губат своите животи како резултат на енормното аерозагадување.

„Морам да нагласам дека спонтаните абортуси, заостанување во развојот на мозокот кај децата и астмата се само од некои од сериозните последици кои што ги трпат нашите граѓани како резултат на загадениот воздух. Дури за два пати е зголемен ризикот од појава на аутизам кај малите деца доколку мајката во текот на својата бременост била изложена на загаден воздух. А најранлива категорија претставуваат повозрасните лица и лица со хронични кардиоваскуларни заболувања кај кои постојаната изложеност на загаден воздух може да резултира и со фатален исход“, изјави Попов.

Додаде дека и покрај предизборните лажни ветувања на СДСМ дека ќе најдат решенија за загадениот воздух, македонските граѓани и нивните живот се сè уште во опасност.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што Шилегов ќе вработува 700 партиски војници

Објавено пред

Вистински скандал е што во изборна година само преку две градски претпријатија се предлагаат планови за вработувања на над 700 нови и најверојатно строго партиски вработувања, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Светлана Колариќ.

„Усвојувањето на плановите со кои се предвидува армија нови вработувања се прави во пресрет на претседателски, но и можни предвремени парламентарни избори. Ова не може да се сфати никако поинаку освен како отворено корумпирање на гласачи во полза на власта и давање на надеж и изборни комбинаторики за вработување гласачи. Ќе се вработуваат советници на директори, раководители и соработници.

Имено, согласно со планот на ЈП за „Комунална хигиена“, градот Скопје и Петре Шилегов предлагаат да се вработат 300 нови работници, и тоа раководители на сектори, раководители на одделенија, советници, соработници и друг вид  персонал. Додека само 29 луѓе оваа година ќе заминат во пензија.

Согласно, пак, планот на ЈСП, се планира во тековната година да се вработат 233 луѓе, од кој освен дефицитарни возачи на автобуси, поголемиот дел се администрација, како виши соработници, помошници раководители, раководители на сектори и останат бирократски персонал. Додека се вработуваат 233 луѓе само 30 од нив ќе одат во пензија, а за наредната година се предвидува вработување на уште нови 170 луѓе.

Иако плановите се за тековните две години, огромната бројка од околу 700 нерационални вработувања, и периодот во кој овие планови се усвојуваат недвосмислено отвораат сомнеж дека градот Скопје и власта прават изборна манипулација и партиски вработуваат на грбот на граѓаните на Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов во 2017 година изјави, цитирам, ‘градските претпријатија се превработени’. А потоа изјави, цитирам, ‘1.200 вработени се вишок’. Јавно го поставувам прашањето како, кога во услови на превработеност, и во услови кога и ЈСП, како и многу други претпријатија бележат загуби и опстојуваат од субвенции на градот Скопје ќе вработат нови 700 луѓе?“, изјави на денешната прес-конференција советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи12 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија12 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања15 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија15 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија16 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет16 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија16 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија16 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион17 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет18 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион18 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести18 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет19 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион19 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет19 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет20 часа

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет21 час

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие