Контакт

Соопштенија

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е сретнал со амбасадорот на мисијата на ОДИХР Јан Петерсен

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, се сретна со Амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, г. Јан Петерсен.

Претседателот Ахмети и Амбасадорот Петерсен дискутираа за референдумот од 30 септември, Договорот од Преспа како и за политичката ситуација во земјата.

Како што информираат од ДУИ, лидерот Ахмети го информирал амбасадорот Петерсен дека Демократската унија за интеграција е посветена за успешно одржување на референдумот и дека веќе има основано Централен штаб како и 35 општински штабови, додека кампањата на терен ќе ја започне од утрешниот ден со првата средба со граѓаните во Тетово.

Претседателот Ахмети зборувалза важноста на референдумот кој што претставува можност конечно граѓаните да се определат за Евроатланска интеграција на Македонија имајќи во предвид дека скоро две децении последователно, над 80% од граѓаните го подржуваат членството во НАТО и Европската Унија.

 

Македонија

СДСМ: Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар

Објавено пред

Губитникот Мицкоски да го научи Уставот, Заев е мандатар, а тој останува претседател на нереформирана и назадна партија, велат СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Од СДСМ оценуваат дека се очајни обидите на Мицкоски да пронајде алиби за поразот на изборите.

„Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието. За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година. Со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев. За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Додаваат дека овој пат нема да има крвопролевања во Собранието како што имало на 27 април кога ВМРО-ДПМНЕ било подготвено да убие само за да не се случи трансфер на власта.

„Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој останува претседател на една од најназадните и нереформиранаи партии во државата“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лажни се тврдењата дека Еуростандард банка пропаднала поради актуелната економска состојба

Објавено пред

Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење банка во согласност со Законот за банките, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека имајќи предвид дека учеството на Еуростандард банка во вкупната актива е само 1,3 отсто, депозити 1,7 отсто и кредити на банкарскиот систем 1,6 отсто, oва во никој случај не ја загрозува стабилноста на банкарскиот систем.

„Граѓаните може да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката бидејќи нивните депозити во согласност со Законот за Фондот за осигурување депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување депозити во износ до 30.000 евра од лице во денарска противвредност“, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека на овој начин, ќе бидат обесштетени 99,4 отсто од депонентите во банката во законските рокови.

„Според официјалните информации од Народната банка, причина за несолвентноста на Еуростандард банка се проблеми од минатото, а не тековни. Со тоа паѓаат во вода лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола дека одземањето на дозволата на Еуростандард банка е поради наводни проблеми со актуелната економска состојба“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадната банка, над 12.000 инфицирани – доказ за неспособното владеење на СДСМ

Објавено пред

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија истакнуваат дека бројот на заразени од корона надминал 12 илјади лица и потсетуваат дека тоа е 6 пати повеќе од она што го прогнозира министерот Венко Филипче.

„Но, неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона-кризата туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители“, се наведива во партиското соопштение.

Во него се додава дека по изборите, народот ја гледа сметката од, како што се вели, неспособното владеење на Заев.

„Сега граѓаните плаќаат 7,5 % повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозјето е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси што ги донесе власта на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што нагласуваат дека Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија5 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ6 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија7 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија9 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија9 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија10 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија10 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија10 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија11 час

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ11 час

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија12 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет13 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија13 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа14 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет14 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија14 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет1 ден

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Досие