Контакт

Соопштенија

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да го повика членството да излезе на референдумот

Објавено пред

Целиот свет дава поддршка за интеграција на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на процесот за влез во ЕУ и НАТО

Македонија како никогаш досега има причини за славење. Се остваруваат стратешките интереси поставени уште на 8 септемеври 1991 година за целосна интеграција во ЕУ и НАТО.Обезбедена е покана за влез во НАТО и датум за преговори за членство во ЕУ, трајно се заштитени македонскиот идентитет, македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, иднината на Македонија и нејзините граѓани е поважна од сите меѓупартиски полемики. Затоа, цела Македонија се обедини околу македонската иднина и се приклучи во процесот што води во ЕУ и НАТО.

,,Јасна и недвосмислена е поддршката од целиот демократски свет кој подава рака Македонија да стане членка на двата најголеми и најзначајни сојузи, Европската Унија и НАТО.
Силната и директна поддршка од ЕУ и НАТО мора да се искористи. Референдумот на 30 септември е со подеднаква историска важност како и реферндумот за независноста од 8 септември 1991 година.Токму затоа, сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност, да застанат зад интеграцијата и напредокот и да го повикаат своето членство да излезе на референдум и да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Пендаровски: Не можеме да чекаме уште 27 години, време е за одлука

Објавено пред

Од

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски заедно со пратеникот на СДСМ и дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, Диме Велковски беше во посета на општина Аеродром каде што се сретна со граѓаните од оваа општина.

На средбите со пензионерите од општина Аеродром се разговараше за процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, како и за придобивките од членството во нив.

„Поддршката за интеграција на земјава во НАТО И ЕУ ја имаме и од Европа и од светот , за тоа сведочат и посетите на земјава од голем број европски и светски лидери. Но, ние треба да ја донесеме одлуката каква иднина сакаме за нас и за нашите деца. Не можеме да чекаме уште 27 години. Сега е време е за одлука. Време е да изградиме држава по европски правила“,  рече Пендаровски.

На средбата со младите и спортските работници од оваа општина, Пендаровски зборуваше за можностите што се отвораат со процесот на интеграција во ЕУ, особено пристапот до нови европски фондови преку кои се развива и унапредува спортот, но и ќе се креираат квалитетни младински политики.

„Европа ја носиме во Македонија,тоа значи европски стандарди, нови фондови за реформи во повеќе сектори , а како што ќе течат преговорите со ЕУ така ќе расте поддршката која што ќе ја добиваме. Затоа секој граѓанин треба да излезе, да гласа и со тоа да одлучува за иднината на Македонија. Затоа што само со излегување и со гласање може да се влијае врз одлуката. Нивниот глас ќе се слуша. На 30 септември да излеземе и го дадеме својот глас ЗА европска Македонија“,  порача Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој бара мито

Објавено пред

Од

Бекир Асани може да биде симбол на Заевата визија за „европска Македонија”, но сигурно не може да биде модел за илјадници млади македонци кои веќе се чувствуваат како дел од Европа и се подготвени да се натпреваруваат со своите врсници, се наведува во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Осуденици на тешки кривични дела може да бидат поткрепа на Заев во лагата дека со откажување од македонскиот идентитет ќе тече „мед и млеко”, но тие не може да бидат урнек за чесниот и достоинствен македонски работник. Од вчера и Бекир Асани и лица осудени за тешки кривични дела станаа адути на заевата кампања со која што се обидува да го изманипулира македонскиот народ за да ја легитимира капитулцијата на која што се согласи, а која подразбира бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека човек како Асани кој нападна службено лице, полицаец, настан кој власта и Спасовски направија се за да го прикријат не може да бидат дел од европската иднина на Македонија колку и да го поддржуваат Зоран Заев.

Криминалот е главен мотив на власта, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека јавноста во изминативе година и половина видела се освен европските манири на владата на СДСМ и Зоран Заев.

„Криминалните тендери и грантови доделени на високи партиски и државни функционери не се дел од вредностите на Европската Унија и западната цивилизација. Човек со свиткана кичма кој е спремен да ги продаде националните и државните интереси само за да си ја спаси својата политичка кариера, не е пример за Европски политичар“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој целата јавност го виде како бара мито од 200 илјади евра, а судот наместо да го казни го амнестираше за неговите криминали.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Димитров: 30. септември ќе биде празник на иднината

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера го посети Делчево. Тој ја искористи посетата да разговара со младите од Делчево и со градоначалникот Горан Трајковски.

Со младите од Делчево и околината стана збор за предизвиците со кои тие се среќаваат, а како еден од најголемите проблеми со кои се среќава Делчево и другите околни места беше идентификуван одливот на способни млади во странски земји, луѓе кои инаку директно би придонеле кон развој на регионот.

„Министерот Никола Димитров на трибината ја пренесе истата порака која им ја пренесе и на младите претходно – на 30 септември ќе направиме крупен чекор кон подобра иднина за Делчево. Позитивниот исход од референдумот значи и далеку поголема заинтересираност на странски компании, заинтересираност која брзо ќе се преточи во нови работни места, поголеми плати и општ развој на Делчево. На Делчево му е потребна поголема странска инвестиција да го искористи потенцијалот кој го има. Наша историска обврска е да обезбедиме шанса за нашите идни генерации да имаат просперитетен и удобен живот – дома. 30 септември ќе биде празник на иднината“, соопшти МНР.

Активностите на министерот Димитров продолжуваат денеска во Валандово, Гевгелија и Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија51 минута

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет1 час

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 час

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ1 час

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија20 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија21 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет1 ден

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Досие