Контакт

Македонија

СДСМ:Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски национален интерес

Објавено пред

Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, соопшти СДСМ.

Според партијата, станува збор за историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. ,,По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

Потпишувањето на протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ”, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Времен сообраќаен режим на булеварoт „Крсте Мисирков“

Објавено пред

Град Скопје информира дека утре од 8:30 часот до петок до 8:30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. „Крсте Мисирков“, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот и тоа од крстосницата со булевар „Гоце Делчев“ кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.

Реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“ опфаќа должина од 1.350 метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од куќата каде што живее Јанева покрај мебел изнесена и една вреќа

Објавено пред

Од куќата во која живее Катица Јанева, населбата Козле, одземени се неколку парчиња мебел, меѓу кои, гарнитура и мала маса.

Мебелот беше товарен во камион што е во сопственост на МВР. Од куќата е изнесена и вреќа во која не се гледаше што има.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред домот на Катица Јанева забележиво е и полициско присуство, а запленетиот мебел веројатно ќе биде пренесен во депо на МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Камион за заплена пристигна пред домот на Јанева

Објавено пред

По половина час откако полицијата се врати да направи дополнителен претрес во домот на обвинителката Катица Јанева во Козле, пред нејзината куќа дојде и камион во кој се товараше мебелот од околу 5 илјади евра што таа го добила од Орце Камчев за да му биде олеснета положбата во случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред домот на Катица Јанева забележливо е и полициско присуство, а запленетиот мебел веројатно ќе биде пренесен во депо на МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија2 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија3 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија3 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ6 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион7 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет7 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија8 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион8 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија8 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech19 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие