Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски беше советник на Груевски, тој ги чинеше граѓаните два милиона денари

Објавено пред

Наместо да честита за напредокот во реформите, за безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ и најпозитивниот извештај од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ очајно тоне.
Од заробена држава, за 2 години нашата земја е светол пример за целиот регион. Нека учи ВМРО-ДПМНЕ како се сака  татковината и како се работи за нејзината иднина и иднината на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, напредокот на земјава е аргумент со кој ВМРО-ДПМНЕ не може да се споредува.

„Граѓаните знаат дека советник на Никола Груевски беше токму Христијан Мицкоски, кој ги чинеше граѓаните над два милиона денари. И за овој ангажан, платен од граѓаните, Мицкоски лажеше, најпрвин дека не бил, а потоа и дека не добивал надоместок како советник на Никола Груевски. Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетиката, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија. Во овој период Мицкоски добива и државно земјиште од владата на Груевски за неговиот бизнис со хидроцентрали.

Земјава беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија додека Мицкоски си тераше бизнис. Граѓаните сè уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски.

За разлика од времето кога огромниот број, т.е. нивните имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа скриени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: За Заев, поважен е законот за дроги отколку македонските евроинтеграции

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворањето на македонската интеграција за почеток на преговорите во ЕУ туркаат закон за дроги и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, за Заев, поважен е законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово отколку македонските евроинтеграции.

„Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек, законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој би се повикувал овој закон“, посочи партискиот портпарол, кој потоа се задржа на средбата на премиерот со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната.

Според Стоилковски, токму по таа средба Заев изготвил закон од кој има личен интерес и, како што рече портпаролот, со европско знаме го доставил пред пратениците.

„Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси. Затоа, бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели“, посочи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Голем интерес за акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 граѓани посочија на проблеми

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва оствари средба со граѓаните од Кисела Вода, на која порача дека партијата почнува нови активности, поради, како што кажа, големиот интерес во државата во врска со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите, да можат да ги запишат, односно да ги сослушаат граѓаните кои се нивните проблеми во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека досега повеќе од 15.000 граѓани, директно или индиректно, ги артикулирале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ.

„Од викендот практично почнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она коешто претставува реален проблем што е дел од нивното секојдневие“, нагласи Мицкоски и додаде дека очекува од СДСМ набрзо да се охрабрат и да излезат на предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ лицемерно лаже

Објавено пред

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Слаѓана Митовска од опозициската партија која кажа дека ќе поднесат предлог-закон за зголемување на пензиите.

Од СДСМ, пак, велат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги усогласувала надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори.

„Денес пензиите се усогласуваат согласно Закон, двапати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своите изјави покажуваат само безидејност и лицемерие.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање на датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа валст,...

Македонија43 минути

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Македонија50 минути

Хан: ЕУ не додели датум за преговори со Северна Македонија

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за доделување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, објави...

Европа3 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ3 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет4 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет5 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа6 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет17 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион19 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија20 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет21 час

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион22 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија22 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија24 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија24 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ1 ден

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија1 ден

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Досие