Контакт

Соопштенија

СДСМ:МТВ јавно ги погази националните стратешки интереси, одговорност мора да има

Објавено пред

Националниот јавен сервис МТВ, денеска,  на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија. Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија, соопшти СДСМ.

Според партијата, МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси.

,,Мора да има одговорност за дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Со Договорот од Преспа нема губитници, туку само победници, рече Ахмети на средба со европските пратеници

Објавено пред

Од

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со пратеници во Европскиот Парламент, при што им се заблагодари на гостите кои, како што рече, доаѓаат во подршка во овие важни моменти за нашата земја.

На средбата Ахмети истакнал дека со Договорот од Преспа нема губитници, туку само победници затоа што победуваат граѓаните, победува Македонија, Грција, регионот и Европа.

Европратениците едногласно изразиле подршка за Евроатланските аспирации на Македонија и ги охрабриле домашните сили да го продолжат патот кон Брисел.

Ахмети истакнал дека историјата во неколку случаи се повторува и Првата светска војна, различно од Втората, уште не е завршена бидејќи денешните последици во Југоисточна Европа доаѓаат како резултат на одлуките на Версајската Конференција, но и од порано, од Берлинската конференција.

„Затоа, во овие клучни моменти, кога ние се наоѓаме на крстопат, треба да се ориентираме на вистинската насока, на запад“, рекол лидерот на ДУИ.

На средбата со Ахмети денеска учествуваа Алојз Петерле, Билјана Борзан, Мишел Крамер, Џон Ховарт, Туне Келам, Ивана Малетиќ, Димитрос Пападимулис, Маријана Петир, Мариа Спираки, како и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Заев да каже каква непријатна измена подготвил за Уставот

Објавено пред

Од

Зоран Заев мора да каже што договорил и што прифатил да се избрише од Уставот согласно со прифатените грчки услови во капитулацијата. Мора да каже каква „непријатна измена“ подготвил на Уставот на Република Македонија и за каква држава ги тера граѓаните да гласаат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев мора да престане да го лаже и плаши народот само да му мине капитулацијата. Мора да престане да го руши угледот на меѓународните организации, злоупотребувајќи го во своите лаги. Заев, одважи се и издигни се над твоето плашливо зајачко срце и кажи што прифати од грчките условувања, што ќе менуваш во Уставот, во Преамбулата, во членот 3 во членот 49, во целиот Устав на Република Македонија. Заев очекува македонскиот народ да се самоукине, да го смени идентитетот, името и Уставот, само заради тоа што тој вели дека постигнал добар договор и дека во ЕУ добро се живеело. Народот чека Заев да каже што е тоа што е непријатно, повторувам, непријатно во е договореното за да го сподели со јавноста“, рече тој.

Зоране Заев, додаде Стоилковски, дали ќе ги избришеш државно-правните традиции на Крушевската Република и историските одлуки на АСНОМ? „Дали побараа од тебе да ги избришеш народноослободителните војни на Македонија? Дали прогонуваните и затвораните за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност? Дали Грците побараа од тебе, а ти спроведуваш, бришење во Уставот дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“? Дали ќе ја избришеш Македонската православна црква?“, прашува Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ахмети: Албанците се неиздвоен дел од процесот за европска Македонија

Објавено пред

Од

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во текот на вчерашниот ден беше присутна во oпштина Арачиново, каде, како што велат од партијата, на жителите на селата што припаѓаат во ова општина им била објаснета важноста од гласањето на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.

„Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе ѝ кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на ова земја во НАТО и Европската Унија завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте ‘за’ Македонија на 30 септември затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја“, рече Ахмети.

Во текот на денешниот ден е предвидена средба со граѓаните во општина Студеничани и општина Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток1 час

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија2 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток3 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија3 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ3 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток3 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести5 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија5 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија6 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Досие