Контакт

Соопштенија

СДСМ: Наместо да шират лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го кажат ставот за референдумот

Објавено пред

Наместо да шират лажни вести за договорот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат дали ќе учествуваат на референдумот в недела. Залудни се бесмислените обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет, се вели во реакцијата на СДСМ.

,,Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат, дали сакаат да влезат во ЕУ и НАТО како Македонци или ќе останат сами и изолирани во одбрана на криминалот? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми лаги, но, за среќа, тие не се оние кои одлучуваат. Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже за европска Македонија”, се додава во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Шкријељ: Наша најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија

Објавено пред

Еднаква шанса за секое дете е нашата најважна цел кон која се стремиме, порача Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, на програмската трибина Агенда Социјална заштита 20-24 што денеска се одржа во Штип.

„Драго ми е што денеска отворивме многу важни теми за унапредување на социјалната заштита, што на оваа трибина говоревме за зголемување на износите на сите права за попречености, за модернизација на Центрите за рехабилитација на лицата со попреченост со цел да станат модерни сервиси во заедницата, како и за потребата од отворање на центри за активно стареење“, истакна Шкријељ.

Членката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Шкријељ ја потенцираше важноста од решавањето на проблемот со детската сиромаштија.

„Децата ни се сегашност и иднина. Вложувањето во децата денес е единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество. Наша примарна и најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија и да обезбедиме еднаква шанса за секое дете и тоа ќе се трудиме да го постигнеме што поскоро“, заклучи Шкријељ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Нова исчадена петарда од режимските портали, изборите во 2014. ги украде Груевски, а не Заев

Објавено пред

Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014 година, велат од СДСМ преку соопштение.

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.

Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не превзело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Поразот на овој тандем ќе биде потврден на слободните и демократски избори на 12 април. Граѓаните ќе им кажат „не“ на обновата на режимот и враќањето на заробената држава!

Граѓаните нема да ги поддржат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не објавува бомби, туку исчадени петарди

Објавено пред

Од СДСМ велат дека обвинувањата на Игор Јанушев оти власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис се само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека дека партијата на Христијан Мицкоски е целосно потоната во матрица на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ13 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија15 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет15 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија17 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура18 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет18 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион19 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет19 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет1 ден

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион1 ден

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет1 ден

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ2 дена

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија2 дена

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ2 дена

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет2 дена

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет2 дена

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет2 дена

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа2 дена

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Досие