Контакт

Соопштенија

СДСМ: На добар пат сме, најмалку пет показатели ја потврдуваат успешноста на економските политики

Објавено пред

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата. Потврда за тоа се најмалку пет клучни економски параметри, соопшти СДСМ.

Според партијата, домашниот бруто-производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто. Вратена е довербата во економијата, а доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година. Растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто. Во декември 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата од 8,1 проценти. За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само минатата година отворени се над 26.000 нови работни места.

„Заклучокот е дека работите се движат во добар правец. Важно е напредокот да продолжи. Тоа значи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард“, соопшти партијата.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски исто како Груевски сака да ја вовлече државата во изолација

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, констатираат од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што навиваат за неуспех и единствените што работат против интеграцијата во обид да ја вратат државата назад во, како што се вели, темното минато на изолација.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси. Затоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците, денес им се враќа достоинството

Објавено пред

ВМРО- ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста преку секојдневни лаги и измислици во кои никој не верува.
Крајно лицемерно е истите тие ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорираа потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството, соопшти СДСМ.

„За разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ, денес се води вистинска грижа за земјоделците. Уште една лага во низа на ВМРО- ДПМНЕ е дека нема откуп на праските, нема извоз или дека скапуваат на дрвјата. Вистината  е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.

Во меѓувреме инспектори од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите  при откупот.

Како што е јавно соопштено, веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски. И како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги потценува земоделците, да го погазува нивниот труд.

Владата предводена од  СДСМ и надлежното министерство преку проектите и реформите кои ги спроведуваат покажуваат вистинска грижа за земјоделците, повеќе пари остануваат кај секој земјоделец, а конечно се  врати достоинството кај земјоделеците“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Објавено пред

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни, велат од СДСМ.

„Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис. Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите“, велат од СДСМ.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, додаваат од таму, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки. За надминување на било какви пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 час

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија2 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион4 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести17 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија18 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт18 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести21 час

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт22 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет23 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Досие