Контакт

Соопштенија

СДСМ: Пратеникот Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка, не е достоен за функцијата

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, ја излажа јавноста. Иако лажната вест на Стевананџија беше екпресно демантирана, тој не собра храброст да им се извини на граѓаните, соопшти СДСМ.

Според партијата, Стевананџија треба да си поднесе оставка затоа што ги лаже граѓаните и не е достоен за функцијата што ја извршува.

„Освен за лаги и ширење лажни вести, Стевананџија постојано шири и говор на омраза, а остана и симбол за непотизам. За потесетување, пратеникот сè уште молчи за неговата одговорност за вработувањата на неговите сопруга, сестра, вујко и тетка. Пратениците треба да им служат на граѓаните, а не да ги лажат. Пратениците треба да ги штитат граѓаните од говор на омраза, а не да предизвикуваат говор на омраза. Стевананџија не е достоен да биде на функцијата пратеник и треба да си поднесе оставка“, се вели во сооопштението.

Соопштенија

СДСМ: Промените во партијата значат нова енергија, а белиот дворец останува симбол на криминал

Објавено пред

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски, која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека белиот дворец и натаму останува симбол на одбрана на криминалот.

„Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова дополнителна енергија за забрзување на напредокот“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда?

Објавено пред

„Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболиран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев, кој е на чело на операцијата за рекетирање политичари, бизнисмени, македонски граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, сите слушнаа како Боки 13 го споменува името на Зоран Заев во една од аудиоснимките на „Ла Верита“ и како тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13, по рекетот, заминува на средба со Заев. Сите, освен Русковска и Јовевски, кои на прес-конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.

„Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ, кои потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку таа ги зафати пипалата на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот што трипати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.

Но, вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. Деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев и тогаш тој ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние што се ставија во заштита на криминалот наместо да го гонат“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги пушта низ вода сите, само за да се амнестира себеси

Објавено пред

Заев е очаен и заглавен во криминал, искусните кадри го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа оние со кои ја креираше коалицијата за криминал и мафија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

„Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со ваквите одлуки Заев покажал дека нема намера да ја реформира СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот се обидува да се дистанцира од актуелните случувања, иако, како што велат, тој е главата на криминалниот октопод.

„Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот ‘Рекет’, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, порачуваат од опозициската партија, од каде велат дека СДСМ го трча последниот круг на власт.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија9 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија10 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет10 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа11 час

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија14 часа

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион14 часа

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија17 часа

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија17 часа

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија17 часа

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Македонија19 часа

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Македонија20 часа

До вторник во попладневните часови ќе врне дожд

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови...

Свет1 ден

Домородец од Амазонија: Ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам шумата

Додека пожарите беснеат во Амазонија, припадниците на бразилското племе Мура ветија дека ќе се борат за својата земја. Најголемата шума...

Македонија2 дена

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија2 дена

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија2 дена

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија2 дена

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија2 дена

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет2 дена

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија2 дена

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Досие