Соопштенија
СДСМ: Раст од 7,7 отсто на извозот во првиот квартал од 2019

„Позитивните тенденции во економијата продолжуваат. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во периодот јануари – март 2019 бележи раст од 7,7 отсто во споредба со истиот период од 2018 година. По растот на извозот во 2018 година, тој бележи раст и во првото тримесечие од 2019 година. Економските политики на Владата предводена од СДСМ и интензивирањето на процесот на евроинтеграциите даваат реални резултати, соопшти партијата.
Според СДСМ, според вкупниот обем на трговска размена, земјава, по Германија и Велика Британија, најмногу тргувала со Грција, што е уште еден доказ дека решавањето на деценискиот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка помеѓу двете земји.
„Растот на извозот во првиот квартал покажува дека е вратена довербата во стопанството, олеснет е пристапот до нови пазари, а економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија. По формалното пристапување во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за дополнително интензивирање на растот на извозот, што ќе придонесе за поголемо и поконкурентно производство, нови работни места и повеќе пари во стопанството“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Јавноста мора да дознае дали некој се офајдил од уништувањето на инсулинот со валиден рок

Јавното обвинителство мора да отвори сериозна истрага во која ќе ја утврди одговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче, во скандалот со уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење, порача денеска во изјава за медиуми портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Постојат издржани и аргументирани сомненија дека Филипче и другите инволвирани во скандалот му нанеле милионски штети на буџетот со уништувањето на инсулинот. Три дена поминаа по најавата дека ќе го отворат и истражат случајот, а не слушнавме за никаква активност во таа насока“, истакна Стоилковски.
Тој рече дека органите на прогонот не смеат да остават простор да се уништат траги и докази или да се влијае врз потенцијални сведоци.
„Јавноста мора да знае кои се мотивите за уништувањето на инсулинот и дали некој се офајдил или ќе се офајди од оваа одлука. Доказ за Обвинителството треба да бидат и залудните обиди со манипулации да се покрие овој милионски скандал“, нагласи партискиот портпарол.
Како што рече тој, доволно долго Министерството за здравство е извор на скандали и сомнежи за корупција, кои поминуваат несанкционирани.
„Аферата со инсулинот е само продолжување на крвавиот тендер со реагенси, тендерот за стерилизација, сомнителните набавки на лекови по принципот татко-ќерка и многу други скандали што го тресат Министерството за здравство“, рече Стилковски и додаде дека одговорност во овој случај мора да има.
Соопштенија
Јанушев: Владата склучи штетен договор што ги чини граѓаните 72 милиона евра

Владата на СДСМ во заминување, крајно нетранспарентно, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор, кој ќе ги чини граѓаните 72 милиона евра, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес-конференција.
„Зоран Заев и Драги Рашковски се согласија 72 милиона евра, пари на граѓаните, да се прелеат на сметка на приватна фирма, без да се знае кои се услугите што ќе ги добијат и на кој начин ќе бидат наплаќани средствата од договорот.
Како што скандалозно и нетранспарентно ја почнаа аферата за формирање хеликоптерски итен медицински систем, така скандалозно и во најголемата афера продолжуваат со потпишување договор. Никој ниту соопшти што содржи договорот ниту се обиде да одговори на дилемите и сомнежите поврзани со авантурата на Заев и Рашковски“, рече Јанушев.
Единствено што јавноста виде, рече Јанушев, е скандалозна физибилити-студија која беше полна со апсурди и нелогичности, изработена од лице што не е воопшто упатено во проблематиката.
„Власта не кажува кои услуги ги добиваат граѓаните на Република Македонија за 72 милиона евра колку што ќе одвои државата!? Кои се обврските што САРХЕМС ги има кон државата и корисниците на услугите? Колку часови летање се покриени со парите што ги дава државата и колку изнесува цената за еден час прелет!? Дали приватниот партнер избран од Заев и Рашковски ќе наплаќа процент од патарините или од авионските карти и прелетите?
Дали на приватниот партнер избран од Заев и Рашковски ќе му бидат отстапени капацитетите за сместување на хеликоптерите? Зошто кога државата плаќа 72 милиона евра, треба на фирмата да ѝ се стават на располагање пилоти од војската и полицијата, со што се ослабува капацитетот на безбедносните структури!? Постои сериозен сомнеж дека со договорот му се нанесува огромна штета на државниот буџет, односно на буџетите на јавните претпријатија, од каде што ќе биде наплаќано“, рече Јанушев.
Побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ е за НАТО, ќе го поддржи ставот протоколот да се гласа предвреме

Доколку СДСМ е за НАТО, од оваа партија ќе го поддржат ставот на ВМРО-ДПМНЕ – НАТО-протоколот да се гласа предвреме во Собранието, со одложено дејство на негово стапување во сила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бетијан Китев, кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е против еден од најважните закони за усогласување со НАТО-стандардите.
„Бегањето од ратификацијата на НАТО-протоколот предвреме е резултат на стравот на СДСМ од извесниот пораз во април. СДСМ треба да се охрабри и да ги стави државните над партиските интереси. Очекуваме СДСМ да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за предвремена ратификација на НАТО-протоколот, сè друго е играње со судбината на граѓаните и Македонија“, се наведува во реакцијата.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми