Соопштенија
СДСМ:Скопје и граѓаните 11 години беа жртва на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Градот Скопје и граѓаните на главниот град 11 години беа жртва на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо инвестиции за подобрување на квалитетот на живот и почиста животна средина, наместо урбано развивање на градот за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски спроведоа немилосрдно уништување на се што можеа да уништат.Зеленилото во Скопје, по кое градот беше препознатлив, Коце Трајановски го масакрираше за задоволување на мегаломанските апетити на неговиот шеф, Никола Груевски за потребите на најкриминалниот проект„Скопје 2014“, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, граѓаните на Скопје беа оставени со години да се гушат во загаден воздух, нездрава животна средина, сообраќаен и урбан хаос, додека се трошеа стотици милиони евра за барокни фасади од стиропор, за жални врби во Вардар, палми, панорамски тркала…
,,Со промените Скопје се гради и се развива по нов урбан концепт кој работи за граѓаните и нивните потреби.За да се врати уништеното зеленило во последните шест месеци засадени се 4.000 дрва а оваа есен се планира да се засадат уште нови 8.000 висококвалитетни садници.За зазеленување на градот реконструирани и подигнати се повеќе јавни зелени површини на околу 40.000 квадратни метри. Во тек е обновата на нови 10.200 квадрати зелени површини на повеќе локации”, се додава во соопштението.
Според партијата, „Дрисла“ повеќе нема да го загадува воздухот. Обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглеродмоноксидот и другите честици што се ослободуваат при согорувањето.
,,Започната е постапка за набавка на над 30 нови автобуси на еколошко гориво, вредни над 10 милиони евра, со кои ќе се заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП кои загадуваат.Градот Скопје работи на проектот за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар, што ќе го поврзе булевар АСНОМ кај хотелот „Русија“, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште.Изградбата на колекторскиот систем за одведување на отпадните води во реката Вардар е во тек.
Во деветнаесет средни училишта во Град Скопје ова лето ќе се изврши реконструкција и санација на објектите, дел од нив ќе добијат нови енергетски ефикасни фасади, а во дел ќе се врши реконструкција на внатрешноста и ќе се замени столаријата.Конечно Скопје пополека го враќа духот на солидарноста, на културниот живот, онака како што му доликува. Изложби, перформанси, работни и крводарителски акции, концерти и видео-проекции, се само дел од концептот кој ги обединува граѓаните околу вистинските вредности.Овој концепт криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ не може да го разбере”, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви.
Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со стратегија да се одиграат комплицирани отворања кои водат кон нејасни позиции (освен на првата табла), имајќи предвид дека сениорите сепак веќе не се многу турнирски активни, па може да се игра на картата на изненадување, како и на картата концентрација и физичка кондиција, како и менаџмент на времето.
Така, на првата табла се одигра прифатен Дамин Гамбит, без многу ризикување од двете страни. Дојде до брза промена на фигурите и немаше можност за повеќе од реми за ВМ Кирил Георгиев.
ВМ Трајко Недев со црни фигури извојува ефектна победа над ВМ Јан Елвест! Значајот на оваа победа треба да се гледа и во фактот дека Недев направи вистински подвиг со победата над играч кој бил во состав на репрезентацијата на СССР како Олимписки победници 1988 и во топ 5 играчи во светот на ФИДЕ рејтинг листата 1991 година. Со црни фигури го надигра и го доведе во ситуација да предаде на еден потег пред мат, во само 23 потега, што ретко се случува во велемајсторската практика!
– Интересна партија, многу остра варијанта во Сицилијанска одбрана. Белиот играше во својот препознатлив стил, мошне добро, се до еден момент кога направи лоша стратегиска одлука и се надеваше дека ако ми ја „растури“ рокадата ќе има подобри шанси . Реално, доколку мојот противник одбереше друго продолжение можеше да изедначи, но вака форсирано влезе во полоша позиција и таа погрешна проценка беше пресудна,- оцени ВМ Трајко Недев.
На третата табла ВМ Влатко Богдановски играше сигурно, имаше мала предност во одреден момент, но веројатно процени дека нема да може да реализира повеќе и во вториот дел од партијата настојуваше да избегне додатни компликации,по што партијата заврши со реми.
На четвртата табла, тимската стратегија покажа дека има две острици. Во Каталонско отворање ВМ Звонко Станојоски со црни фигури избра варијанта која водеше во нејасна позиција. По долга борба, расплетот се покажа понеповолен за него. Иако во еден момент, во 29 потег, кога противникот направи груб превид беше возможен комплетен пресврт и црниот да игра за победа, на крајот Станојоски по многу долга борба ја загуби партијата, што донесе изедначување на резултатот.
– Ова е навистина инспиративен резултат за целата екипа, зачинет со маестралната победа на Недев, а дополнително кога знаеме дека и Станојоски имаше шанса за пресврт, навистина можеме да бидеме многу задоволни од прикажаното во овој меч. Одигравме нерешено со репрезентацијата на САД која е една од актуелните шаховски велесили како држава. Се надевам дека ќе успееме да ја сочуваме свежината на играчите на овој турнир што трае 9 кола и дека достојно ќе се презентираме и во другите мечеви,- рече ВМ Драган Јаќимовиќ, капитен на ШК Алкалоид.
По 3. коло, на врвот има само две екипи со максимални 6 бода (првиот тим на Англија и Исланд), кои ќе се сретнат во 4. коло. ШК Алкалоид ќе игра со селекцијата на Италија, која беше поразена од Англија.
На турнирот за играчи над 65 години, селекцијата на македонските ветерани исто така играше со прворангираните носители, но за жал беше поразена од 3:1 и во четвртото коло ќе настојува да продолжи со добрите партии против Косово.
ПР
Соопштенија
„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните компании

Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“.
Целта на Проектот е преку специјализирани обуки кои ќе бидат дизајнирани согласно претходно идентификуваните потреби, да им се овозможи на домашните мали и средни компании пристап до нови знаења, вештини и различен вид експертиза кои ќе им помагаат да го зголемат нивниот потенцијал за раст и одржлив развој.
Со учеството во овој проект „Тиквеш“ одново покажува дека е компанија која се залага за зголемување на капацитетите и квалитетот на работењето на приватниот сектор како главен двигател на економскиот развој на земјата.
„Највредните и најефективните инвестиции за развојот на компаниите се континуираните вложувања во ново знаење на вработените на сите нивоа, во постојано унапредување на нивните вештини, како и во технолошки иновации и дигитализација, следејќи ги глобалните трендови и стандарди за одржливост, добро управување и заштита на животната средина (ESG). Истовремено, свесни за своето значење и својата општествено одговорна улога, спремни сме да го споделуваме нашето знаење со кооперантите и со останатите компании. Единствено со заедничкото делување можеме да го пребродиме непознатото“, истакна претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ Светозар Јаневски, во рамки на панел-дискусијата со која е официјализиран почетокот на реализацијата на проектот.
„Тиквеш“ е исклучително посветен на развојот на кадри и нивно постојано стручно усовршување. За таа цел, компанијата континуирано спроведува различен вид обуки и тренинзи, кои покрај за вработените и менаџерите во компанијата, се достапни и за соработниците, деловните партнери и останатите компании во земјата.
На полето на едукацијата, „Тиквеш“ ја формираше школата „Вински едукатор“ која работи согласно програмата и акредитацијата од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (WSET) и која нуди обуки според највисоки светски стандарди. Дополнително, компанијата воспостави соработка и ги донесе во нашата земја најпознатите светски експерти во областа на винската индустрија, а од неодамна започна соработка и со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – Перлеуве од Италија, предводена од Џовани Бигот – водечки светски истражувач и промотор на иновации во лозарството. Нивното знаење, како и знаењето на уште голем број други домашни и странски експерти кои во изминатите години соработувале и биле ангажирани од „Тиквеш“, е ставено на располагање на сите партнери, меѓу кои и на лозарите, како и на останатите компании во агро-индустријата. На овој начин „Тиквеш“ дава значаен придонес лозарството и винската индустрија да бидат во чекор со светските трендови и да се подигне целокупното ниво на конкурентност на овие важни сектори за македонската економија.
(ПР текст)
Соопштенија
Клиниката „Жан Митрев“ останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор.
-Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава, соопштија од Клиниката.
Оттаму нагласуваат дека и покрај потешкотиите што ги имаат поради блокираната сметка продолжуваат и понатаму да инвестираат и да се развиваат.
Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании.
(ПР текст)