Соопштенија
СДСМ: Арсовска не може да обезбеди шечатачи а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи. Град Скопје и целата администрација без 31 печатач значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните. Нејзиното неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи. Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат печатачи во Град Скопје, а не, пак, да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.
Од партијата наведуваат дека освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначалник, како што се Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконструкцијата на улицата Есенинова…но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.
Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот

СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот. СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголем број од народот ќе плаќа 18 % и 138 % поскапа струја, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие што до вчера плаќале 4.000 денари, ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари, ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата што се греат со грејни тела на струја. Седум месеци во ек на грејна сезона, ако лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на своите домови.
СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ. Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство поради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.
СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е“, порачаа од опозициската партија.
Соопштенија
СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, соопшти СДСМ.
„Од другата страна е Христијан Мицкоски, кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија. Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се спротивставил на спорната резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.
Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат. Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, велат од владејачката партија.
Соопштенија
СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собранието не се брани криминал

Расте нервозата во белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по налог на Мицкоски се обидуваат да создадат тензии и инциденти за да го одбранат криминалот, соопшти владејачкиот СДСМ.
„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки. Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот што го предизвика инцидентот во Комисијата за европски прашања.
Но, тоа не е првпат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието“, се вели во соопштението.
СДСМ како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни, порачаа од СДСМ.