Контакт

Соопштенија

СДСМ: Богоевски поднесе оставка, а сега неговиот пример да го следат Вељаноски, Милошоски и Димовски

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив не само што ништо не се менува, туку напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски – деструкција и антидржавно однесување, сметаат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

„Од друга страна, тоа не е случај со пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела. Напротив, тие го бранат криминалот, наместо моралното однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од оваа партија сметаат дека Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични да си поднесат оставки од своите функции.

„Во најмала рака за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе нема минимум кредибилитет се додека во нејзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурна иднина во Македонија ќе обезбеди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од партијата преку соопштение. Оттука велат дека владата на Социјалдемократскиот сојуз во својот мандат обезбедила сигурна сиромаштија.

„Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат. Ова СДСМ што го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.

СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Во тек се сериозни разговори за стабилна Влада која брзо ќе го чекори европскиот пат

Објавено пред

Од СДСМ информираат дека продолжуваат со сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Воедно нагласуваат дека разговорите се во насока на пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои, како што велат од партијата, се способни посветено и одговорно да работат на остварување на принципите кои се во интерес на граѓаните и државата.

„Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која ќе движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачувањето на струјата Заеви се богатат, а граѓаните осиромашуваат

Објавено пред

Со покачувањето на струјата Заеви се богатат, а граѓаните осиромашуваат. Грабежот мора да запре, порачува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Граѓаните се против покачувањето на цената на струјата. Тоа е огромен удар врз нивниот џеб и домашен буџет во услови на пандемија кога голем број ги загубија своите работни места. Тоа Заев не го интересира. СДСМ не реагира и продолжува со својата политика на грабање сè што може да се грабне.

На СДСМ не му е важно дали граѓаните имаат пари или не да ги плаќаат покачените сметки за струја и дали така нема да се загрози нивната егзистенција сè додека се полни буџетот на фирмите од кои утре ќе треба да земаат тендери фирмите на Заеви.

РЕК „Битола“ и АД ЕЛЕМ три години се користат како средство за богатење на Заеви и фирми блиски до нив, кои испумпаа милиони преку јавни набавки.
Доколку СДСМ се поставеше домаќински, овие фирми немаше да ја почувствуваат загубата причинета поради пандемијата, но тоа ќе значеше помалку тендери за нивни блиски фирми, работа од која очигледно не можеа да се откажат. Тоа ќе значеше и дека нема да може да прават предизборен поткуп со над 1.000 вработувања.

Сметката за богатењето поединци од власта и предизборниот поткуп сега стигна, а неа ќе треба да ја платат граѓаните. Апелираме власта да се вразуми, да ги примени советите на ВМРО-ДПМНЕ и да се откаже од покачувањето на струјата“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија44 минути

Министерот Адеми се излечи од коронавирус

Министерот за образование, Арбер Адеми соопшти дека се излечил од ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со COVID-19! По две негативни последователни...

Свет1 час

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти кои се борат со пандемијата на коронавирус се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Македонија2 часа

Денеска ќе се одлучува за стартот на учебната година

Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука денеска ќе одлучуваат  како ќе почне учебната година од септември...

Регион2 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија3 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Според податоците, најмногу...

Свет13 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија14 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија15 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион17 часа

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија18 часа

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет18 часа

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион21 час

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Македонија22 часа

(Видео) Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот,...

Свет23 часа

Фаучи: Вакцината против коронавирус нема во целост да биде ефикасна

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи оцени дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефикасна. Како што пренесува „Скајњуз“, тој...

Македонија1 ден

Големи штети во Велес и околината по вчерашното невреме

Невремето синоќа предизвика големи штети во Велес и околината. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на Фејсбук објави фотографии, на...

Свет1 ден

Нов Зеланд одбележува 100 дена од победата над коронавирусот

Денеска Нов Зеланд одбележува 100 дена откако е сузбиено ширењето на коронавирусот, со што оваа земја стана светол пример во...

Свет1 ден

(Видео) Пожар изби во болница за пациенти со ковид-19 во Индија, најмалку седум загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија....

Свет1 ден

Макрон и ОН организираа конференција за собирање помош за Бејрут

Меѓународните лидери денеска ќе разговараат за собирање помош за Бејрут по експлозијата која го разори либанскиот главен град. Виртуелната конференција,...

Свет1 ден

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во...

Досие