Контакт

Соопштенија

СДСМ: Буџетот за 2022 е развоен, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите се вложуваат во капитални проекти

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите од буџетот се користат за реализација на капитални инвестиции важни за економскиот раст, велат од СДСМ.

„Трајко Славевски беше жесток противник на зголемување на минималната плата, а денес е против буџетот за 2022 година, кој е развоен и носи многу повеќе пари за капитални инвестиции. Во буџетот за 2022 година, капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27% повеќе во однос на 2021 година. Средствата ќе бидат наменети за реализацијата на инфраструктурните проекти и вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството“, наведуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години ја задолжуваше државата за споменици, договорени тендери, палми и жални врби, додаваат од партијата, денес глуми загрижена опозиција, а со години наназад кочеше проекти како поголеми плати и пензии, зголемени субвенции, поврат на ДДВ и слично кои обезбедуваа повеќе пари кај граѓаните.

„Не е непознат таквиот лицемерен и неодговорен однос на партијата чија единствена цел е да работи против интересите на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

Соопштенија

МВР: Службите на Арсовска го создадоа метежот во Скопје, ние го расчистивме

Објавено пред

Зачудува несериозноста на скопската градоначалничка, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР, реагираат од ресорното министерство, откако попладнево преку статус на „Фејсбук“, Данела Арсовска ги обвини за метежот кој денеска настана во главниот град.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно… Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос“, напиша градоначалничката во својата објава.

Меѓутоа од МВР велат дека Арсовска ги дезинформира граѓаните преку социјалните мрежи и ја повикуваат, како што се вели во реакцијата, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува.

„Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“, посочуваат од Министерството.

Од таму додаваат дека денешниот сообраќаен метеж во Скопје се должи на тоа што службите на градот не си ја завршиле работата, односно, како што велат, не можеле да се справат со ситуацијата.

„Објективно влијаеја и сообраќајната незгода кај ТЦ Мавровка и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови, а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот, што и беше направено, односно метежот беше расчистен“, се наведува во реакцијата на МВР.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

За политички поени се напаѓа работењето на ФИТР, велат од Комитетот за одобрување инвестиции

Објавено пред

Комитетот за одобрување инвестиции при Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во обраќање до јавноста реагира на, како што велат од таму, изнесените невистини и шпекулации за дел од нивните одлуки.

„Во последните неколку дена беа доведени во прашање квалитетот и одржаноста на проектите избрани од Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), во рамките на јавниот повик ‘Стартапувај 3’“, стои во соопштението.

Обвинувањата за кои реагираат од ФИТР стигнаа и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј портпарол критикуваше некои од финансираните проекти, меѓу кои, како што рече, за рецепт за пица на одредена фирма од Гостивар и доделен е грант од 2.400.000 денари (40.000 eвра).

Во реакцијата од КОИ се вели дека членовите на комитетот имаат огромно меѓународно искуство во спроведување такви проценки за бројни владини агенции.

„Со своето професионално искуство и меѓународна експертиза, пред сè  сакаме да помогнеме за унапредување на иновативните проекти во државата на транспарентен и правичен начин“, наведуваат од комитетот.

Исто така, потсетуваат дека никој од вработените на ФИТР не учествува во процесот на селекција на компаниите кои ќе добијат финансиски средства, односно дека сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од 3 домашни стручни лица.

„При носењето на финалната одлука, проектите ги евалуираме според следните критериуми:

– Степен на иновативност (25 поени);
– Квалитет на проектот (25 поени);
– Капацитет на проектниот тим (15 поени);
– Потенцијал на пазарот (25 поени) и
– Влијание (10 поени)

Целиот процес на одлучување, го правиме комплетно независно, без какви било надворешни импути или притисоци. Секој од петте членови на КОИ индивидуално го оценува секој, проект по што на крајот се собираат оценките и се вади просечниот број поени“, стои во соопштението.

Во него членовите на комитетот изразуваат жалење што поради, како што се вели, собирање на политички поени се напаѓа работењето на ФИТР.

„Но, ние ќе продолжиме своето знаење и време да ги инвестираме во одличните идеи и иновации, бидејќи сметаме дека Северна Македонија има навистина одличен стартап потенцијал“, нагласуваат членовите на комитетот Вибу Шарма, Ноел Грегор Петерсон-Џоунс, Ашер Сидики, Гунтер Фелингер и претседателот Марвин Лиао.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

Објавено пред

Заштитата на жртвите на семејното насилство, проблем со кој нашето општество се соочува и, за жал, има нагорен тренд во последните три децении, треба да се заснова за интензивна, планска и координирана соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор. Бројот на осудени лица за семејно насилство е мал, што значи дека потребно е поголемо подигање на свеста за охрабрување на жените, но и на сите членови на семејството, да го пријават ваквото девијатно однесување.

Ова е заклучокот од денешната конференција на тема „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, што ја организира Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“

„Разбирањето на факторите што придонесуваат за семејно насилство и факторите што влијаат на жената да остане во насилна врска е важно за програмата за превенција, како и за изготвување план за третман на жените жртви на семејно насилство. Анализирајќи ги сите карактеристики на жртвата, всушност се поставува основата и за институционално дејствување. Тоа подразбира сеопфатна институционална соработка во насока на приближување на жртвата кон остварување на правдата и оневозможување за нејзино повлекување под страв и закани“, истакнаа во своето излагање Александра Србиновска-Дончевски, професор по комуникации и масовни медиуми, и Наташа Тодоровска, професор по казнено-процесно право на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Според последните податоци, во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија казната затвор ја издржуваат вкупно 2.045 осудени лица, од кои 26 се осудени лица поради семејно насилство во повеќе облици. Во КПД „Идризово“ казната затвор ја издржуваат и 2 жени што извршиле кривично дело како резултат на семејното насилство.

Сите осудени лица, па и оние за семејно насилство, поминуваат низ процес на ресоцијализација со цел нивно полесно реинтегрирање не само во семејството туку и во општеството. Па, така, според Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции во изминатиот период во КПД „Идризово“, жените, меѓу кои осудени и за насилство, биле вклучени во повеќе активности за ресоцијализација.

„Во соработка со УНДП организирани се стручни обуки со кои жените се стекнуваат со валидни сертификати за шивачки или фризерки, а некои од нив беа вклучени и во дооформување на основното образование. Овие активности, односно стручното оспособување на жените, ќе им овозможи нивно полесно осамостојување и реинтегрирање во општеството по излегување од казнено-поправната установа, со што ќе доведе и до намалување на можноста да бидат жртви на семејно насилство“, истакна Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции, говорејќи за третманот на лицата осудени за семејно насилство.

Полицијата најчесто прва доаѓа во контакт со жртвите на семејно насилство и постапува во случаите на семејно насилство. Затоа, според Јулијана Станчова, главен инспектор за семејно насилство во Единица за криминалистички работи при СВР Скопје, од исклучителна важност е да се работи на полето на сензибилизирање на полициските службеници за препознавање на семејното насилство и постапување со жртвите на семејно насилство, како и меѓуресорската соработка и вмрежување на институциите, сè во интерес на жртвите.

Конференцијата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, што ја организира Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“, е на иницијатива на Билjaна Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугариjа во Скопје. Ангелова на денешната конференција истакна дека домашното насилство се случува 365 дена во годината и затоа за овој проблем општeството треба да биде гласно. Таа ги охрабрува жртвите на насилство отворено да зборуваат за проблемот со кој што се соочуваат, без страв, срам или осуда од околината. Ангелова на денешната конференција ги повика сите заинтересирани граѓани на 12 декември да се приклучат на маршот против насилството со мотото „Заедно сме посилни“ и тивко да им дадат поддршка на жените и децата жртви на насилство, а кој ќе се организира во неколку поголеми градови во Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа14 часа

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија15 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа16 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија19 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија20 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија20 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија21 час

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа21 час

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија21 час

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет22 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет23 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет24 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет24 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ1 ден

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион2 дена

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 дена

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 дена

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија2 дена

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет2 дена

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Досие