Контакт

Соопштенија

СДСМ: Вкупно 28 милиони евра за 324.479 граѓани преку домашните платежни картички

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за ублажување на првичните удари на коронакризата и постави основа за брза трансформација на нашата економија.Во тек е реализација на третиот пакет економски мерки со кој се зголемуваат јавната и приватната потрошувачка на граѓаните, со цел заjaкнување на нашата економија, соопшти СДСМ.

„За прв пат, 324.479 граѓани добиваат директна парична поддршка од државата за да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.Со оваа мерка 28 милиони евра преку граѓаните, одат директно во домашната економија и тоа за купување домашни производи и услуги во домашни стопански субјекти.Средствата веќе се исплатени на деветте банки издавачи на домашната картички, а банките досега имаат испечатено околу 50.000 картички кои согласно роковите, до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка.

Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална заштита.Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари“, се вели во соопштението.

Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност до 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои беа на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40% од последната основна нето плата.

„Граѓаните нема потреба да аплицираат за домашната платежна картичка, туку истата ќе ја добијат системски и едноставно, дури и во случај да имаат блокирана сметка.На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развојна македонска економија.СДСМ во изминатите три години како владејачка партија покажа дека се води од концептот парите да завршуваат кај граѓаните. И во време на пандемија и глобална економска криза, веруваме во концептот, кој сериозно го зголемува животниот стандард на граѓаните“, додаваат од партијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: По три години Шекеринска се сети на Охрид, но кога можеше не направи ништо

Објавено пред

Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции во Охрид, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО“, стои во партиската реакција во која се додава дека очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016 година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради 260 километри автопат, само во својата глава

Објавено пред

Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на граѓаните кога вели дека гради автопат од 260 километри што е лага која е преголема дури и кога доаѓа од негова уста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„137 километри е оддалеченоста од Скопје до Струмица, делница која Заев би требало да ја знае. Ако се градеше толку многу како што само Заев брои, односно 260 километри автопат тогаш сите во Македонија тоа ќе го видеа и ќе го знаеја. Овие 260 километри автопат се само во главата на Заев“, се наведува во партиското соопштение, во кое македонските граѓани се повикуваат да им стават крај на како, што се вели, ваквите лаги и на 15 јули да одберат обнова за Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДУИ: Нова двојазична химна најдобро ќе го одразува нашето општество

Објавено пред

Еден од врвните приоритети на првиот премиер Албанец ќе биде усогласување на државните симболи, особено на химната на нашата земја, која секако треба да претставува репрезент и на мултиетничкиот состав на населението, велат од ДУИ.

Според партијата, тоа би значело вклучување и на дел од културното наследство и традицијата на Албанците во рамките на химната, како и употреба на албанскиот јазик соодветно на учеството на Албанците во заедничкото општество.

„Онака како што со имплементацијата на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се гради надворешната интеграција на земјата, така и со заокружување на општествената рамка од Охридскиот договор, ќе ја засилиме и внатрешната интеграција и ќе го зацврстиме унитарниот карактер на земјата“, објаснуваат од партијата на Ахмети.

Од таму порачуваат дека еден од партиските приоритети во следниот мандат ќе биде целосното интегрирање на Албанците, на албанската традиција, култура и јазичен израз во сите сфери на општественото живеење.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет3 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет4 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ8 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија9 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа10 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија10 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ11 час

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет12 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија12 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет13 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија13 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија13 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион14 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа14 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет15 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија15 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет16 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија16 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион17 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие