Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството, а денес со лажни вести се обидува да шири неоснована паника

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски го уништуваше здравствениот систем во земјата и ги понижуваше лекарите и пациентите, денес продолжува да шири лажни вести со цел да предизвика неоснована паника меѓу граѓаните, реагираа од СДСМ на изјава на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епидемијата на морбили што се појави е ставена под контрола. Денес се употребуваат проверени и сигурни вакцини, едни од најдобрите произведени и увезени од Белгија.

Граѓаните се навремено и точно информирани, единстевно врз основа на факти и медицински докази.

Лошото управување со здравството, неквалитетните лекови во земјата што ги внесуваше тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, силно влијаеше на губењете на општата довербата на граѓаните кон здравствениот систем.

Падот на опфатот на имунизацијата е директна последица од загубената доверба на граѓаните кон здравствениот систем. Со доаѓањето на Владата предводена од СДСМ веднаш се смени Законот за лековите и медицинските средства.

Сега за секој лек во земјата мора да има два сертификата: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Нема повеќе неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Послушникот Иванов да одговори како син му купил станови

Објавено пред

Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи.
Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ.

„Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И со кои пари ги купиле становите бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?“, прашуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Пендаровски: Партиите не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата

Објавено пред

Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата. За жал, во минатото бевме сведоци кога теснопартиските интереси беа претставувани како државни интереси или како интереси на сите граѓани што живееја во нашата земја, изјави Стево Пендаровски во Радовиш, кој е заеднички кандидат на СДСМ и коалицијата за претседател на државата.

„Во таков случај најголема жртва се, имено, граѓаните и нивните интереси бидејќи теснопартиските елити своите приватни финансиски интереси си ги претставуваат како интереси на сите нас. Тоа повеќе не смее да се дозволи. Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката. Јас ќе бидам како претседател решително против тоа, теснопартиските интереси да бидат претставувани како интереси на сите граѓани“, рече тој.

Партиските интереси си имаат свое место, додаде Пендаровски, меѓутоа не смее да дојде до спојување на интересите на една теснапартиска клика со интересите на сите нас бидејќи во тој случај трпат економските интереси на државата, на граѓаните, трпат нашите интеграции и најмногу трпат правата и слободите на граѓаните.

„Како претседател на државата имам намера да бидам решително против секој обид теснопартиските интереси да бидат претставувани како интереси на целата држава. Во мене граѓаните ќе имаат најголем заштитник на своите права и слободи и најголем промотор на овој нов тип политика која ни е потребна по многу години стагнирање во оваа сфера“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители

Објавено пред

Четири месеци минаа, а нема одговорност ниту одговор кој и за што две години прислушкувал во Јавното обвинителство! Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители, ниту каде завршиле нивните разговори, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Внимавајте, прислушувана е комуникација преку која биле повикувани сведоци, се разменувале податоци за предистраги, истраги и за конкретни судски предмети! За потсетување, обвинителството, самиот Љубомир Јовески некаде околу 30 ноември објави дека биле прислушувани, дека биле снимани сите влезни и излезни разговори во Јавното обвинителство од 30 септември 2016 година, и како ништо да не било, сè уште нема никаква информација за истрага што беше најавена и која според молкот до сега, може да се нарече наводна! Нема никаква информации дали некој и кој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал податоците, дали бришел, за што служеле податоците или, пак, биле користени тие податоци, дали тоа го правел некој или некои лица од внатре или, пак, некои од надвор. За сето ова молк, и од Обвинителството но и од МВР, кое, како што беше најавено, било вклучено во истрагата. Уште повеќе, што има на тие снимки од разговорите, што е договарано, што е тоа што го интересирало тој што ги прислушувал? Нема одговор. Дали има разговори за договорени сведочења, за договорени обвиненија, за договорени пресуди? Нема одговор.

Четири месеци минаа откако владата декларативно повика за брзо решавање на случајот, ама нема ништо од тоа. Уште едно оградување, уште едно фрлање прав во очите на јавноста.

Деновиве кога законското решение за јавнообвинителскиот систем е во фокусот на јавноста, Зоран Заев и СДСМ јавно посочија дека немаат намера да се откажат од Љубомир Јовески. Немаат намера да го испочитуваат договореното, Републички јавен обвинител да се избира по предлог на опозицијата. А молкот од обвинителството, од Јовески, за прислушувањето на обвинителите го дава одговорот и зошто Заев и СДСМ бегаат од договореното.

Почитувани, со вакво страшливо Јавно обвинителство, со ваков републички јавен обвинител како Јовески, во Македонија се невозможни ниту право ниту правда. Ако постои и најмал сомнеж, а, за жал, тој е сè поголем, дека обвинителите на чело со Јовески се ставени ‘во џеб’ поради нивните разговори, а Зоран Заев е главниот реформатор, тогаш на секоја пресуда може и се гледа како на политички мотивирана!

Почитувани, ова е срам за Македонија, ова е срам за јавнообвинителскиот систем, ова е срам за држава на територија на Европа, срам за држава којашто го вее знамето на НАТО пред неименувана зграда!

Правото и правдата мора да се вратат во Македонија, граѓаните мора да веруваат во јавнообвинителскиот систем и во судскиот систем, а со Зоран Заев, Љубомир Јовески, Вилма Русковска, тоа е невозможно. Правото и правдата ќе се вратат со победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори, и со победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори. Пoбедува правдата, победува Македонија!“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија15 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет16 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет18 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие