Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра од белиот дворец и парите да им ги врати на граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со пари од граѓаните од скромна жолта куќа израсна во бела палата, во која има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде вазните од 180.000 евра, да ги продаде и другите скапоцености, па и белата палата и парите да им ги врати на граѓаните“, потенцираат од партијата на власт.

Но, во време на криза на виделина, како што посочуваат од таму, излегува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо за граѓаните, додаваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ мисли на себе и своите интереси.

„Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните, но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони. Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните е едно големо ништо“, е потенцирано во писмената реакција од страна на СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Доста беа лаги, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да се променат

Објавено пред

Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран, пукнаа како меур од сапуница, како и многу други лаги претходно, пишува во соопштението од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

„Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните. Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси“, се додава во реакцијата од страна на СДСМ.

Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски, појаснуваат од владејачката партија, покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.

„Од тој пример Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може доста да научат“, потенцираат во напишаното од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка

Објавено пред

Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка. Кога виде дека цела држава се крена против него, ретерира, францускиот предлог е и со негов потпис, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски, додаваат од опозициската партија, 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог, кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ, ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата.

„Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една. Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси. Откога е фатен жив како преговарал и договорил предлог, кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира“, е наведено во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Ковачевски не може повеќе да го лаже народот.

„Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата. Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ, немаат никаков основ да продолжат да ја водат Владата“, се потенцира во напишаното од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против зголемување на платите и не сака да се откаже од акцизата

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ е против зголемување на платите и не сака да се откаже од акцизата, а секаде во светот се укинуваат даноците на горивата.

dobivaj vesti na viber

„Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.800 денари, што е всушност и порамнување по зголемување на минималната плата и обврска на власта. Но, пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50 % и намалување на ДДВ од 18 на 5 %, и тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци“, појаснуваат од партијата на Мицкоски.

Само пратениците од СДСМ и ДУИ, додаваат од таму, не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата.

„Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа, премногу е. Промени“, е наведено во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет10 часа

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет12 часа

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија12 часа

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион13 часа

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет15 часа

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...

Македонија17 часа

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа19 часа

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа20 часа

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија21 час

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...

Европа22 часа

Украина и Молдавија со кандидатски статус; Макрон: Ова е порака до Русија

Еден од најмоќните европски политичари, францускиот претседател Емануел Макрон, ја поздрави одлуката Украина да добие официјален статус на земја кандидат...

Македонија22 часа

Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи,...

Европа22 часа

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со...

Европа22 часа

Зеленски за официјалното доделување статус во ЕУ: Украина не е перница меѓу Западот и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави уште еден коментар за официјалното доделување статус на кандидат за...

Македонија23 часа

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за регулирање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги влоши...

Свет1 ден

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет1 ден

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет2 дена

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион2 дена

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...