Контакт

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Објавено пред

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.

„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.

Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.

„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.

Македонија

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Објавено пред

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

По состанокот во Процесот „Брдо – Бриони“, Милановиќ оцени дека условите што се поставени пред Македонија за почеток на преговорите со Унијата се невозможни.

„Станува збор за невозможни услови што им се поставени за преговори со ЕУ и тие се однесуваат на содржината во учебниците по историја во Северна Македонија. Тоа што во моментот една членка на ЕУ го прави во Северна Македонија е навлегување во интимен простор. Се бара еден кандидат за време на преговорите за членството да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја онака како што тоа го бара соседната држава. Тоа е влез во интимен простор и не треба да се случува“, рече Милановиќ додавајќи дека отворено ќе се спротивстави.

Според него, претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат в година, ќе влијаат на сите земји во регионот кои се во претпристапни преговори со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се одржат во 2024 година.

„Тесното мнозинство ја држи Владата будна. Сметам дека време е да одработиме до крај, така што следните парламентарни избори би биле во 2024 година“, одговори премиерот Заев на прашањето дали со локалните се можни и предвремени парламентарни избори во интервју во дневникот на јавниот сервис.

„По сериозни процеси, како што беа уставните измени, новата методологија на ЕУ, ние излеговме на избори за да провериме дали имаме поддршка од граѓаните, дали одиме по добар пат. Граѓаните одлучија дека сме на добар пат и тоа е доволно, имаме мандат 4 години. Северна Македонија страда од предвремени избори. Еднаш треба да одработиме цел мандат за да ги видиме резултатите од Владата со мандат од 4 години. Предвремени избори имаат влијание врз економијата, тоа значи заостанување. А сите тие договори од Преспа, со Бугарија, се за економијата, за работни места и избор, повисок БДП, Европа да ја донесеме дома“, потенцира Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Процесот на преговори со ЕУ не смее да се оптоварува со историски контроверзии

Објавено пред

ти на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во Брдо кај Крањ.

Честитајќи го јубилејниот 10-ти состанок на иницијативата, претседателот Пендаровски истакна дека и оваа средба ја потврди стратешката задача, а тоа е целосна интеграција на сите држави од Западен Балкан во Европската Унија.

Осврнувајќи се на актуелната динамика во процесот на проширување на Унијата, тој нагласи дека темпото на проширувањето е во очигледна криза. Истовремено, посочи дека во контекст на актуелните геополитички движења ова прашање добива уште поголема важност за стабилноста и развојот како на регионот така и на самата Унија. Претседателот Пендаровски го реафирмира ставот за неменливоста на границите и потребата од дијалог за сите отворени прашања во духот на добрососедските односи и регионалната соработка.

Пандемијата на Ковид-19, оцени претседателот Пендаровски, ги заостри веќе постојните проблеми со сиромаштијата, невработеноста на младите, масовната емиграција, особено на обучен и едуциран млад кадар. Според некои процени, рече претседателот Пендаровски, на земјите ќе им се потребни една-две години да му се вратат на нивото на економска активност пред почетокот на пандемијата. Во тој контекст од круцијално значење е да почнат пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. На тој пат е апсолутно јасно дека историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Евентуалните неуспеси на тој пат дополнително ќе го нарушат кредибилитетот на Европската Унија и нејзиното влијание во регионот.

„Неподелено беше мислењето, практично тоа го има и во еден од заклучоците на декларацијата, која тукушто ја усвоивме, дека европското проширување кон Западен Балкан е во застој од разни причини и тие причини не се само во регионот, има добар дел од нив и во Брисел, меѓутоа факт е дека потребен е нов поттик на евроинтеграциите. Во спротивно некои други алтернативни модели на владеење и некои други регионални организации, кои не се од европскиот континент, ќе добиваат значење. Во однос на нашиот проблем, во интеграциите беше неподелено мислењето дека евроинтегративниот процес, воопшто процесот на преговори, не смее воопшто да се оптоварува со историски контроверзии дека историските проблеми и толкувањата на историските настани немаат буквално ништо заедничко со евро-атлантските интеграции и со вредностите што членките во тие организации ги почитуваат“, рече претседателот Пендаровски истакнувајќи дека во наредниот период неколкумина од учесниците, особено двајцата претседатели на Хрватска и Словенија, се заложија во рамките на Европската Унија да се обидат со свои иницијативи да му дадат нов поттик на овој спор меѓу нас и Република Бугарија.

„Се надеваме дека во наредните 6 месеци откога и Словенија ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, во таа насока ќе забележиме одредено придвижување. Мојот став беше дека Европската Унија воопшто не треба да се плаши од интеграцијата на Западен Балкан, да речеме од некакви економски или социјални причини затоа што сите ние заедно земено, вкупно шесте економии на Западен Балкан, ние сме не повеќе од 1 % од GDP на Европската Унија со нашите 18 милиони луѓе во сите 6 земји на Западен Балкан. Ние сме одвај 4 % од вкупната популација на Европската Унија, така што ако Европската Унија, а Комисијата во овој состав токму тоа го вели, сака да биде геостратешки и геополитички играч на глобалната сцена, невозможно е да падне токму на овој испит. Ако 454 милиони луѓе, граѓани на Европската Унија, не може да апсорбираат 18 милиони луѓе што живеат во Западен Балкан, што станува збор тогаш за многу потешки задачи и предизвици кои стојат во денешниот свет и пред Европската Унија“, рече претседателот Пендаровски.

Во однос на придонесот на ЕУ во справувањето со последиците од пандемијата и економското закрепнување, претседателот Пендаровски изрази задоволство од усвоениот економски и инвестициски план на Европската Унија и оцени дека неговата имплементација треба да биде навремена и ефективна. Исто така, тој уште еднаш го повтори придонесот на Унијата во раната фаза на здравствената криза преку обезбедените медицински материјали и финансии за итни потреби. Покрај тоа, изрази задоволство од неодамна обезбедените повеќе од шестотини илјади вакцини за сите држави во регионот преку инструментот за солидарност на ЕУ.

Претседателот Пендаровски заклучи дека Европа треба да биде храбра во интеграцијата на регионот. Економскиот и демографскиот товар врз ЕУ, според претседателот Пендаровски, ќе биде многу помал за разлика од претходните проширувања на Унијата, но за земјите од регионот и нивните граѓани придобивките од идното членство во ЕУ ќе бидат исклучително важни.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија7 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија8 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа8 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија11 час

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија14 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет14 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија15 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет15 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет17 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа17 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет17 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет18 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет18 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет2 дена

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие