Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи се оние што го оставија Заводот во Демир Капија да пропаѓа

Објавено пред

Единствено, поради негрижата од единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и комплетното игнорирање на оваа категорија лица, во изминативе две и пол години силно го интензивиравме процесот на деинституционализација. Од вкупно 482 корисници, кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјата, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување повеќе од 44 отсто, соопшти СДСМ.

„Техничката министерка Мизрахи самата потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија го остави Специјалниот завод ‘Демир Капија’ велејќи: „На почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 негувател. Тоа значи еден негувател секој ден се грижел за 6 корисници“. За да ѝ биде на јавноста појасно, со деинституционализацијата фокусот го ставивме на децата под 18-годишна возраст.

На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денес нема ниедно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната. Кога на почетокот на мандатот тогашната министерка Царовска најави дека во земјата нема да има деца во институциите до крајот на 2020 година, многумина велеа дека тоа е невозможна мисија. Невозможната мисија ја остваривме една година пред рокот! Конкретно, за Специјалниот завод „Демир Капија“, денеска во Заводот се сместени 189 лица за кои се грижат 40 негуватели. Денес еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот.

21 поранешен корисник на Специјалниот завод „Демир Капија“ се сместени во пет групни дома, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица. Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – еден негувател на еден корисник. Заради создавање похумани услови за корисниците за периодот додека не се преместат да живеат во локалните заедници, во ноември минатата година почнавме реконструкција, односно санација на сите објекти каде што моментно има сместени корисници, и тоа во вредност од 10,5 милиони денари. Тоа е она што го остави зад себе како владеење ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри, кои сега се околу новата техничка министерка како едни од главните советници.

„Дали тие ќе ја советуваат техничката министерка повторно да биде заборавен и уназаден системот на социјлана заштита доколку ВМРО-ДПМНЕ некогаш дојде на власт“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Со Михајло Маневски, ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само сваровски-судството

Објавено пред

Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска-Давкова и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го обноват режимот на Никола Груевски преку најголемиот уништувач на правосудството – Михајло Маневски, велат од СДСМ.

„За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот, кој заедно со Гордана Јанкулоска, е креатор на заробеното сваровски-судство, човекот што го партизира судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии, само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата. Дали Силјановска побара совет од Маневски како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните?“, прашуваат од партијата.

Од СДСМ велат дека Силјановска-Давкова, исто како и Мицкоски, одработува за Груевски.

„Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ги дели истите вредности и ставови на Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса. На 15 јули граѓаните масовно ќе излезат на гласање, целосно ќе расчистат со остатоците од режимот и ќе се определат за СДСМ и коалицијата ‘Можеме’, која носи европска иднина, стабилност и правда. Граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски затоа што знаат дека тоа е опасно за државата. Граѓаните гласаат за сигурност, за стабилна иднина со СДСМ и коалицијата ‘Можеме’“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е балканска Ломбардија, затоа што парите ги јаде криминалната пирамида на Заев

Објавено пред

Во последното деноноќие има 168 нови заразени и тројца починати. Македонија поради неспособноста на власта на Заев е Ломбардија на Балканот и рекоред по смртност и заразени на еден милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тоа е резултат на неодговорноста и криминогеноста на Заев и неговата власт. Тој беше посветен на градење на коруптивно рекетарски систем, наместо да се интересира за здравството или било која друга област во државата.

Народот слушна дека диктира истраги и одлуки на истражни органи. Народот слушна како бара евро за Вицето. Народот слушна како во државата се трампа правдата за милиони евра. Народот слушна сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Народот слушна сведоштво дека подземјето рекетирало и палело возила по наредба на Заеви.

Сето ова и уште многу други криминални шеми биле директно заштитувани од страна на Заев. Затоа Македонија тоне во секој аспект. Затоа сме најкорумпираната држава во Европа, затоа парите наместо во здравството, образованието, земјоделството завршувале на врвот на криминалната пирамида.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев нема европска иднина, тој е главата на сите рекетарски мрежи

Објавено пред

Власта на Заев во овие три години чекори во тактот на криминалот, корупцијата и рекетот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму порачуваат дека со Заев нема европска иднина за Македонија затоа што, како што велат, тој е заштитник на организираниот криминал и капо ди тути капи на сите рекетарски мрежи.

„Веќе е јасно како ден. Јавноста виде и слушна дека со правдата се тргувало во замена за милиони евра со амин на Заев. Милиони евра биле рекетирани и префрлани со торби, кои, според сведоштвото, завршувале кај Заев. Контроверзен проруски бизнисмен правел дилови со Владата на Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра. Ден Дончев е еден од првите соработници на Заев, кој го виде целата јавност како става снопчиња со пари во својата торба. Слушнавме сведоштво дека рекетари палеле возила на неистомисленици по наредба на Вице Заев. Слушнавме како се договарале трас-трас одлуки и како се диктирале решенија на истражните органи директно од страна на Заев“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека поради Заев, Македонија е хибриден режим и на врвот на листата по корупција.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека народот ќе го казни Заев на 15 јули.

„Обновата ќе значи европеизација на Македонија, напредок, но, пред сè, одговорност пред законите на сите, вклучително и за Зоран Заев“, порачуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ32 минути

Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица, ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Македонија2 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот Едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Регион2 часа

(Видео) Солзавец и димни бомби на протестите во Грција

Грчката полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите што се собрале пред парламентот за да изразат незадоволство од...

Свет3 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија4 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија4 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија15 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија15 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија17 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија18 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија19 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ20 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија21 час

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет21 час

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион22 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион24 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет1 ден

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ1 ден

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Досие