Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за наводните отпуштања во администрацијата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ очајно манипулира и лаже за наводни отпуштања од администрацијата, нека се подготви за пораз во недела, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за партизацијата на сите државни и јавни институции нема никаков кредибилитет да зборува јавна администрација. Опозициската партија втор ден по ред, извртува изјави и податоци и лаже дека ќе следувале масовни отпуштања на лица вработени во институциите. Што ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатите години освен што од државните институции направи партиски испостави? Каков план нуди ВМРО-ДПМНЕ денес за администрацијата, освен што секојдневно шири лажни вести?  Заврши времето кога се криеше бројот на вработени во јавната и државната администрација, кога институциите беа претворени во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со заминувањето на таа партија во опозиција“, потенцира СДСМ во реакцијата.

Од владејачката партија велат дека со започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат, процесот на вработувања во државните институции се одвива според годишните програми и потреби на институциите, а дел од вработувањата се со цел подобрување на состојбите во институциите во кои постои сериозен недостиг на кадар.

„Граѓаните да останат смирени, ниту имало, ниту ќе има масовни отпуштања од администрацијата како што лаже ВМРО-ДПМНЕ“, додава СДСМ.

Соопштенија

(Видео) Нелоски: За две години, Заев ги задолжи граѓаните со 914 милиони евра

Објавено пред

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца, обвини Владимир Нелоски од член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со вчерашното задолжување долгот што Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето. За само 31 месец, Заев ја задолжи државата со 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти, нема инвестиции. Има само криминални тендери и партиски вработувања.

За цели 10 месеци од оваа година, Зоран Заев успеа да реализира само 40 отсто од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс, со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти, тие ќе беа 36 отсто.

Ова е очајно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но, затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе може да ги делат на криминални тендери.

Ситуацијата е алармантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се катастрофални. Расипништвото мора да запре. На недомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои си политичари“, истакна Нелоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Глас за Македонија: Бугарската академија отворено го негира постоењето на македонскиот јазик

Објавено пред

Партијата Глас за Македонија на Солза Грчева најостро реагира на, како што велат од таму, шовинистичките и, пред сè, ненаучни изјави на Бугарската академија на науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.

„Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин. Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безброј стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници и лингвисти од целиот свет“, се наведува во соопштението на политичката партија.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија составена од експерти од двете земји бидејќи, според нив, таа има цел да ги избрише македонската нација и македонскиот јазик.

„Овој штетен договор, секако, не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува“, сметаат од партијата на Грчева.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Со долгот од 400.000 евра за кампањата ВМРО-ДПМНЕ го прекрши Изборниот законик

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ има долг од речиси 400.000 евра за неплатени обврски за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори. Бидејќи сметката за изборната кампања, од која треба да се наплати овој долг е затворена, ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик, каде што јасно е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка“, соопшти СДСМ.

Според партијата, одговорност за ваквото прекршување на законите мора да има првенствено од овластениот потписник на сметката, односно генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако навистина е за почитување на законите, како што тврди, Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност Игор Јанушев, кој е потписник на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно Мицкоски ќе покаже дека е ист како својот ментор Никола Груевски, кој сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет7 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт8 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија11 час

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа12 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија12 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија13 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија14 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија15 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија16 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија16 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет17 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет17 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион19 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет19 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет19 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет19 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт1 ден

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие