Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, сѐ уште дејствува опасно за здравјето на граѓаните

Матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од самиот почеток на пандемијата останува иста – продолжуваат да дејствуваат опасно за здравјето на граѓаните и здравствениот систем, стои во писменото соопштение од владејачкиот СДСМ.
Во него тие напоменуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, беа првите што ги прекршија сите мерки за заштита, се потсмеваа на болните од коронавирусот, поддржуваа антиваксерски протести, но затоа ја користат секоја можна пригода да водат црна кампања против министерот за здравство, Венко Филипче, да шират невистини за масовноста на имунизацијата и да ја вознемируваат јавноста заради ситни политички поени.
„Неодговорната ВМРО-ДПМНЕ, која, за жал, ниту еднаш не покажа грижа за здравјето на народот, е најмалку повикана да зборува за каква било состојба со коронавирусот. Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за масовноста на вакцинацијата не може да го оспори фактот дека имунизацијата се спроведува со засилено темпо, а бележиме и значително намалување на бројот на заразени од коронавирусот. Како одговорна власт заедно со надлежните институции континуирано апелираме на вакцинација бидејќи вакцините се безбедни и се единствениот начин да се победи пандемијата“, се нагласува од СДСМ.
Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена дека во време на пандемија застана на страната на вирусот наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Уште едно сценарио на Мицкоски и Апасиев пропадна, не успеа планот за инциденти

Пропадна уште едно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата, од една страна, и бугарското ВМРО од друга, за создавање тензии, конфликти и хаос, велат од СДСМ.
„Државата, институциите, Министерството за внатрешни работи со одговорен ефикасен и професионален однос не дозволи да се случат инциденти.
Јавната безбедност беше зачувана на високо ниво, не се дозволија ескалации и загрозување на јавниот ред и мир, а чествувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот великан, визионер и револуционер Гоце Делчев се одвиваше мирно и достоинствено“, е потенцирано во соопштението од оваа партија.
Затоа, како што додаваат од таму, заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски, е во очај и разочаран бидејќи навремено беше спречен неговиот план за предизвикување инциденти.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортот, оставка од Мојсовски по сомнежот за малверзации

Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортот, Наумче Мојсовски, по сомнение за малверзации од милијарда денари, оставка веднаш, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението на опозициската партија е наведено дека ДКСК утврдила дека Наумче Мојсовски како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и комисијата што ја назначила Владата, извршила злоупотреба во ваучер-системот за доделување пари на спортски клубови и федерации за што Мојсовски добил и кривична.
„Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото што му се става на товар. Постојат сомнежи дека фондот на пари, со кој оперирал Мојсовски од неодамна, 1 милијарда денари, завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање и изборот е правен по сугестија на политички партии. Зошто Ковачевски не го менува Мојсовски и дали со тоа само покажува дека и тој е дел од системот на распределба?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, не остана сектор во државата во кој нема криминал, со Ковачевски и Ахмети – Македонија тоне. Оценуваат дека сите функционери се копија на лидерите што ги поставиле.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.