Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на вакцинација и почитување на мерките за заштита

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, конструкции и невистини да се обидува да шири вознемиреност во јавноста, да прави штета на јавното здравје заради ситни политички поени, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.

Според оваа партија, лажни вести и срамни невистини се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен недостиг на вакцини, досега се аплицирани над 610.000 дози вакцини, а дневно се вакцинираат по десетици илјади граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш не апелираа до граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не повикаа да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, ама затоа знаат секојдневно да шират лажни вести за да го минираат процесот на масовна имунизација на штета на јавното здравје“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе остане запаметена дека во време на пандемија била на страната на вирусот наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните.

Соопштенија

СДСМ: Сите солидарно против пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неосновано критикуваат

Објавено пред

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво, се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош, велат од владејачкиот СДСМ за ситуацијата со пожарите.

Според СДСМ, само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна и, како што потенцираат од партијата, шири невистини и напразно и неосновано критикува.

„Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ, која нема идеја како да дејствува, нема што да им понуди на граѓаните. Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и дејствуваат. Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!“, нагласуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пожарот во Кочани ја покажа целата неспособност на власта

Објавено пред

Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека по еден ден, ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен, загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожарот, но биле одбивани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да бевме нормална држава, како што пишува во нивното соопштение, и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни.

„Оваа власт, освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра. А колку чини штетата или не дај боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2-3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари“, стои во писмената реакција од опозициската партија.

Според нив, ова што се случува, како што велат, ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи.

„Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Митева: Дистанцирањето на Пендаровски од народот зборува повеќе од било кој говор

Објавено пред

За прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање. Смета дека на народот му е доста од разединување, но вели „Сакам да ја деескалирам вообичаената атмосфера на Мечкин Камен, која често е проследена со навреди кои повеќе разединуваат отколку што обединуваат“ рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Не, оваа вообичаена атмосфера се случува последниве неколку години и многу добро знаете зошто е тоа така. Илинден се славеше гордо, достоинствено, со многу народ и со љубов. Вашето дистанцирање од народот многу повеќе зборува од било кој говор. Илинден – големиот македонски национален празник, кој се одбележува на 2 август има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Илинденското востание означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење.

Овој 2 Август, на овој Ден на републиката, на денот кој не испирира и обединува претседателот на државата нема да одржи говор на манифестацијата. После 30 годишна традиција ќе гледаме нов концепт. Наместо да започне претпладне, ќе започне попладне, наместо говор кој ќе биде составен од минатото, сегашноста и иднината ќе имаме молк, ќе се читаат пораки и нема да се слушне визија за Република Македонија.

Со достоиенствено прославување на двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник треба да се поклонуваме на славното дело на револуцијата и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.

Почитувани граѓани, идеалите на двата Илиндена се се уште живи, ќе го славиме Илинден достоинствено, согласно македонската традиција! ВМРО-ДПМНЕ ќе обединува со говор и со дела“ порача Митева.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија12 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија14 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија14 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија14 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија16 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија18 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ21 час

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион23 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа23 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија23 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија24 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион24 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие