Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ што апсеше новинари и затвораше медиуми, денес шири лицемерна грижа за новинарството

Објавено пред

Ниту едно лицемерно соопштение од белиот дворец нема да го смени фактот дека 11 години нашата држава беше заробена и се наоѓаше на дното во Европа по медиумски и новинарски слободи, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на соопштението со кое од ВМРО-ДПМНЕ повикаа новинарите да не подлегнуваат на притисоците од Заев.

Од СДСМ порачуваат дека ништо не може да го избрише фактот оти, како што велат, 11 години ВМРО-ДПМНЕ апсела, тепала, притворала новинари и затворала медиуми.

„Јавноста, граѓаните и новинарите многу добро знаат кој ја злоупотреби полицијата за упад во приватна телевизија, кој поттикнуваше физички напади на новинари, кој ставаше во затвор новинари, кој поттикуваше да се испраќаат посмртни венци на домашни адреси на новинари“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека денеска медиумите се дел од сите легислативни процеси кои се однесуваат на нив.

Соопштенија

(Видео) Шкријељ: Наша најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија

Објавено пред

Еднаква шанса за секое дете е нашата најважна цел кон која се стремиме, порача Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, на програмската трибина Агенда Социјална заштита 20-24 што денеска се одржа во Штип.

„Драго ми е што денеска отворивме многу важни теми за унапредување на социјалната заштита, што на оваа трибина говоревме за зголемување на износите на сите права за попречености, за модернизација на Центрите за рехабилитација на лицата со попреченост со цел да станат модерни сервиси во заедницата, како и за потребата од отворање на центри за активно стареење“, истакна Шкријељ.

Членката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Шкријељ ја потенцираше важноста од решавањето на проблемот со детската сиромаштија.

„Децата ни се сегашност и иднина. Вложувањето во децата денес е единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество. Наша примарна и најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија и да обезбедиме еднаква шанса за секое дете и тоа ќе се трудиме да го постигнеме што поскоро“, заклучи Шкријељ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Нова исчадена петарда од режимските портали, изборите во 2014. ги украде Груевски, а не Заев

Објавено пред

Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014 година, велат од СДСМ преку соопштение.

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.

Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не превзело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Поразот на овој тандем ќе биде потврден на слободните и демократски избори на 12 април. Граѓаните ќе им кажат „не“ на обновата на режимот и враќањето на заробената држава!

Граѓаните нема да ги поддржат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не објавува бомби, туку исчадени петарди

Објавено пред

Од СДСМ велат дека обвинувањата на Игор Јанушев оти власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис се само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека дека партијата на Христијан Мицкоски е целосно потоната во матрица на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ6 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија8 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет9 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Македонија11 час

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура12 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет12 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион12 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет13 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет1 ден

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион1 ден

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет1 ден

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ1 ден

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет2 дена

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет2 дена

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет2 дена

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа2 дена

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Досие