Контакт

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде „АД Славија“, а сега пласира тешки лаги и дезинформации

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД „Славија“, а сега пласира тешки лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ шири тешки и перфидни лаги од белиот дворец, стои во писмената реакција од страна на СДСМ.

Вистината, според оваа партија, е дека ВМРО-ДПМНЕ го има обезвреднето и ракрчмено имотот на АД „Славија“.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2012 – 2017 со тајни и заткулисни зделки распродала над 70 % од имотот на АД ‘Славија’. Процената направена во 2012 година говори дека компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра. Компанијата и државата се оштетени со ваквата тајна продажба бидејќи по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на ‘Славија’ во Скопје и во целата држава, кои денес се во сопственост на приватни компании“, се појаснува во партиското соопштение.

Додаваат дека наместо да пласираат лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД „Славија“ и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство?

Објавено пред

Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство? – Ковид убива поради неспособноста на владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера повторно бројот на заболени од ковид е речиси 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот.

Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град.

Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува ковид, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии.

Од ВМРО-ДПМНЕ додават дека народот умира од ковид и затоа што владата е неспособна. Здравствените власти да се зафатат со работа и посветено да пристапат на пандемијата. Импровизациите чинат животи.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги партизираа општините и го кочат нивниот развој

Објавено пред

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во првите два и пол месеци од мандатот освен што вршат партизација, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините. Не ги исполнија ветувањата пред граѓаните, нема ниту еден сопствен реализиран проект од нивната програма, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните сведочеа само на прекинување на проекти, кршење закони, трошење народни пари на чоколади и сокови.

Данела Арсовска е прв пример за неработење. Освен што се прогласува за ненадлежна за сè, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта, ништо друго не сработи во првите месеци од мандатот.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бомбони, сокови и кроасани, наместо да направи нешто за граѓаните.

Кирил Пецаков ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани.

Ништо не сработеа ниту градоначалникот на Бутел, ниту на Кисела Вода. Градоначалник на Прилеп не знаеме ниту дали има ниту што работи.

Наместо проекти и решенија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат проблемите и го кочат развојот на општините. Граѓаните не заслужуваат вакви неспособни и неодговорни градоначалници, се вели во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот да ги даде на увид интегралните одговори од пакетот 5+1

Објавено пред

Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија. Тоа значи дека оваа власт се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека да било сè чисто, власта на заевизмот и пионот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија.

Пионот Ковачевски и Бујар Османи треба итно да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, а не да прераскажуваат и да вртат од околу. Народот и јавноста се доволно мудри да прочитаат и да разберат што содржи овој документ.

Јавноста бара што точно формулирала власта на заевизмот во овие одговори. Народот не верува во колнење во воздухот, жиците и децата, затоа што Зоран Заев еднаш излажа, па не е чудо неговите поклоници и пионот пак да излажат.

Господа од власта дајте ги на увид документите и не замајувајте ја јавноста со приказни и колнења, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор....

Свет2 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет4 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет4 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија18 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет20 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија21 час

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ24 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа24 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Досие