Соопштенија
СДСМ: Во патишта, водовод и гасовод во Пелагонискиот регион се инвестираат 146 милиони евра

Во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра, соопшти владејачката СДСМ.
„Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како и изградбата на пругата од Битола до Кременица. Како дел од од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.
Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.
Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата на постоечката делница од Фариш до Дреново, проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.
Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како и изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.
Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.
За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава“ се наведува во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Партија на пензионери: Пратениците од опозицијата не се залагаат за потребите на загрозените граѓани

Партијатa на пензионери преку писмена реакција го осудува, кaко што велат од таму, лицемерното, срамно, ненародно и деструктивно однесување на пратениците од опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтенатива.
Од оваа партија потенцираат дека тие наместо да стојат на дадениот збор за деблокирање на Собранието, по којзнае којпат потврдија дека никогаш искрено не се залагале за потребите на социјално засегнатите граѓани, работниците и економијата.
„Пратениците на опозиционите ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на албанците и Алтернатива, користејќи го фактот дека мнозинството во Собранието, кое е тесно, поради епидемијата со Ковид-19 ќе се соочува со проблем за обезбедување на потребен кворум за работа, со непринципиелни и подли преседани и постапки, кои во основа секогаш се на штета на граѓаните и по кои се познати во целиот период на нивното делување, со месеци го држат во ‘заложништво’ Собранието и неопходно потребната помош за голем број граѓани, компании и економијата, а сега го одложија донесувањето на петтиот пакет на мерки за помош“, посочуваат од партијата на пензионерите.
Тие напоменуваат дека „Договорот“ за одблокирање на Собранието е општ, и тој покрај другото условува и меѓусебно да се повлечат, можеби и претходно заемно договорени, илјадници амандмани, со кои воведоа пресадан за вршење непринципиелен притисок за сè и сешто. Договорот всушност подразбира дека позицијата и опозицијата нема да го злоупотребуваат отсуството на заболените пратеници од Ковид-19.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, понесени од сопствените фрустрации, а во обид да се прикажат како ‘добрите момчиња’, пак се вратија на тоа што најдобро го знаат да манипулираат, спинуваат, да ја искривуват вистината и тоа секогаш на грбот на народот. Но граѓаните го ‘прочитаа’ нивното лицемерие и лажен патриотизам оптоварен со завист, подмолност, конфликтност и деструкција“, реагираат од оваа партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Филипче покажал дека не може да обезбеди вакцини навреме.
„Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите веќе вакцинираа во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари. Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови на коронавирус. За Филипче, мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација – ситуацијата е под контрола“, стои во писмената реакција од оваа партија.
За сето ова, велат од ВМРО ДПМНЕ,Филипче треба да замине од функцијата и да одговара.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за вдомување партиски активисти?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП „Скопје“.
„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој повеќето не се шофери, кои се дефицитарни, е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо тој да се искористи за таблети, тестови или вакцини, се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.
Тие сметаат дека ЈСП има недостиг на шофери, но, како што велат, тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, советник за примена на јазиците и инженер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.
„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за удомување партиски кадри, а Скопје има делови каде што нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И сѐ додека е Шилегов, градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш