Контакт

Соопштенија

СДСМ: Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во должина од 700 километри

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ за само една и пол година во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, соопшти партијата.

Според СДСМ, по наследувањето на автопатот Миладоновци – Штип со многубројни пропусти и едвај направени помалку од 50 отсто, набргу автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експропријација на земјиштето, поставени се заштитни мрежи, а во моментот се градат сервисни патишта и се прави поврзување на натпатниците. 
Во моментот се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од 700 километри. Она што е особено значајно, првпат по 30 години, истовремено се градат четири моста.

„Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма што го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат
Крупиште – Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип. Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци во целата држава“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката кариера на Зоран Заев е завршена

Објавено пред

СДСМ во полето на енергетиката како и на сите останати полиња и донесе на државата само порази. Изминатите три години владеењето на СДСМ ќе остане запаметено по партиските вработувања во ЕЛЕМ, продажбата на Тиквешкото езеро и низа други скандали кои им нанесоа штета на интересите на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите се сеќаваме на хавариите во РЕК Битола, тендерите за Анѓушев и фамилијата Заеви. СДСМ ќе остане запаметено по покачената акциза за горивата преку која директно влијаеше на осиромашувањето на македонските граѓани.

Заев со неговото бандитско и мафијашко работење изминативе три години преставуваше бреме кое ја влечеше Република Македонија надоле и ја оддалечуваше државата од европската иднина. Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Што побрзо се повлече од политичката сцена и од СДСМ толку подобро ќе биде за државата и за неговата матична партија.

Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски беше најлош директор на ЕЛЕМ, заедно со Груевски ја поскапеа струјата и го ограбија народот

Објавено пред

Извршителот Мицкоски, советникот на Груевски за енергетика, беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и водеше катастрофална енергетска политика. Во негово време цената на струјата растеше, а тој со професорска плата стана сопственик на хидроцентрали, обвинија од СДСМ.

„СДСМ за 2,5 години ги реализираше ветувањата дадени кон граѓаните, како што е враќањето на ефтината тарифа на струјата, одржувањето на цената на електричната енергија на исто ниво, кое е најниско во Европа.

СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%.

ЕСМ (ЕЛЕМ) сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции за гасификацијата, за обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе“ пипува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ветува финансирање на половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Објавено пред

Мерките и проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ветува ќе донесат обнова на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ преку новата програма планира проект со кој ќе им обезбеди на граѓаните енергетска обнова во нивните домови, најави партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата.

Во нашата земја многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова или изградба на фасада чини доста пари.

Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина.

Оваа мерка ќе придонесе граѓаните да имаат топол дом на зима, и ладен на лето и она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети.

Со овој проект ќе имаме и заживување на градежната индустрија, но истовремено подразбира и заштита на животната средина. По 12-ти април, во Република Македонија обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет13 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа15 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија15 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ17 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет18 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт19 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија19 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ19 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет20 часа

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет20 часа

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет21 час

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ2 дена

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ2 дена

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа2 дена

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ2 дена

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа2 дена

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ3 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија3 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие