Контакт

Соопштенија

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат еден ѕид добро да направат

Објавено пред

Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Последниот пример со кој одново исплива на виделина нивната неспособност е потпорниот ѕид кој се урна во населба Пинтија, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми, ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.

Показател за тоа е и потпорниот ѕид што се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви. Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски е ист како Данела Арсовска, освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци и седум месеци ништо не сработи за граѓаните и општината. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните градоначалници и најголемо разочарување за граѓаните“, порачаа од владејачката партија.

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособната Влада на СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу државите со највисока инфлација

Објавено пред

Македонија соборува рекорди породи катастрофалното справување со економската криза. Македонија е меѓу земјите со најголема инфлација во Европа. Големиот процент на инфлација го јаде и така кревкиот животен стандард на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нè искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација.

И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4. место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година.

Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен.

Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноците да го полни испразнетиот буџет.

Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа, која ѝ се случува на државата, и за запирање на сите национални предавства, потребни ни се предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Лажговци и лицемери, ВМРО-ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерство, за дрско и безобразно лажење на граѓаните. Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард, партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во ексклузивни рисорти во Црна Гора и други монденски дестинации, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеноста, безобразноста и лицемерството – беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ донесе хаос во образованието, нема учебници, нема сведителства

Објавено пред

Министерството за образование и наука, наместо концепција, создава хаос. Концепција подразбира план и стратегија, а во случајот гледаме неспособност и неодговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Наставниците и образовниот кадар се соочуваат со тотален колапс на системот, а на помалку од половина месец до почетокот на учебната година нема учебници. Наместо учебниците, се нудат материјали за учење, прирачници, упатства и слични експерименти што не може да бидат целосна алтернатива на учебникот. Печатењето на учебници доцни и голема е веројатноста дека до октомври, па и декември учениците нема да имаат книги.

Дополнително, веќе два месеца доцни и доделувањето на сведителствата бидејќи не биле набавени доволно сведителства за учениците. Ова покажува целосна неспособност и неодговорност на властите. Тие очигледно се изненадени со почетокот, но и со крајот на учебната година, исто како што би било изненадување снег во зимските месеци.

Поради оваа власт на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот и на институциите. Образованието тоне исто како што тонат сите области во Македонија. Криминалната власт ја уништува државата. Ова мора да престане. Најдобар начин за справување со оваа штетна власт на Ковачевски се предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

КЗБ за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава препорачува изолација и епидемиолошко следење

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија12 часа

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа13 часа

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ14 часа

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет14 часа

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија15 часа

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија20 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија20 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа20 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет21 час

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија23 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет23 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет23 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет23 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет24 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет24 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет2 дена

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет2 дена

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија2 дена

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија2 дена

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...