Контакт

Соопштенија

СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Мицкоски

Објавено пред

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски, кон успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО без разлика на партиската припадност, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Партијата додава дека 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласале за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитувале јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ откако е на власт ја зголеми само сиромаштијата

Објавено пред

Во Република Македонија моментално околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мед и млеко, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Царовска го укина и додатокот за трето дете, проект кој беше од времето на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се помогне на граѓаните, а истовремено да се зголеми наталитетот.
СДСМ исто така влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.

За Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации.

Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади кадри ја напуштаат земјата.

Ваквото владеење на СДСМ за граѓаните на Република Македонија е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне во задолжување, криминал и корупција.

Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец, бидејќи оваа влада за година ипол докажа дека нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е единствениот кој го брани криминалот на Груевски

Објавено пред

Тоа што Христијан Мицкоски се обидува да го претстави носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски за жртва, уште еднаш потврдува дека антизападниот Христијан Мицкоски е единствениот што го брани криминалот на Никола Груевски, порачаа од СДСМ.

„Затоа Мицкоски не одговори за средбата со неговиот ментор, Никола Груевски, затоа не одговори ниту за неговите посети на Белград и Будимпешта во октомври 2018 година.

Јавноста ќе ја дознае целата вистината. Како што излегоа на виделина шемите на Мицкоски со Никола Груевски за неговите хидроцентрали токму во време кога му бил советник.

На антизападниот пион Мицкоски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде кристално јасно: криминалот на Никола Груевски не може да го одбранат, правда ќе има“ се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска пак ги излажа граѓаните, и по две години вработеноста не е намалена

Објавено пред

Владата на СДСМ и министерката Мила Царовска повторно ги излажаа граѓаните, се огласи со реакција ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Царовска.

„Две години поминаа откако тие се на власт во земјата, но нивото на невработеност се повеќе се зголемува. Нема капитални инвестици, нема отворање на нови работни места, а сето тоа е резултат на нивната неспособност и расипничко работење. СДСМ не исполни ниту едно од своите ветувања, а не успеа да креира ниту една нова мерка за вработување.

Со лошите економски политики на СДСМ и воведувањето на прогресивниот данок само ќе придонесат за зголемување на стапката на невработеност и затворање на голем број фирми што ќе остави голем број на граѓани на улица како во времето на транзицијата.

Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади ја напуштаат земјата.

Лошото министерување на Царовска излезе на виделина и не и поминуваат бледите изјави пред граѓаните“ порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест пред Собрание: „Нема да го повториме 27 април 2017“

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Европа2 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести4 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија4 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет6 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија7 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски9 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет9 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион9 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет11 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Досие