Соопштенија
СДСМ: Граѓаните на референдумот ќе кажат ДА за Договорот со Грција и ДА за македонската иднина

Владејачката партија СДСМ соопшти дека како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македониј, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните.
„На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните на Република Македонија ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.
Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина.
Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски, кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.
Но, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки.
Граѓаните масовно, слободно и достоинствено на 30 септември на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.
Граѓаните се обединети, одлучни и определни, граѓаните велат ДА за македонската иднина“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ФРОДЕМ: Господине Макрон, спијте мирно, реформите се во полн ек

По денешното рочиште на случајот „Рекет” од однесувањето на судијката и обвинителката за организиран криминал при испитувањето на сведоците и обвинетите станува сè појасно дека целата постапка ќе заврши со пресуди само за Боки 13 и Катица Јанева. Станува сè поочигледно дека надлежниот обвинител сé уште нема намера да ја прошири истрагата и да обвини други лица кои директно или индиректно учествувале во аферата „Рекет”. А оваа афера е само капка во морето наречено ,,македонско дабл постранзициско политичко-судско милје”, соопшти ФРОДЕМ.
Според партијата, ова пасивно однесување и очигледно засега селективен пристап во целиот случај дава сериозен сомнеж дека надлежното обвинителство нема намера да ја истера правдата и вистината до крај и дека сé ќе се сведе на судска пародија.
„Истовремено овој случај ја покажува и гнилосата на целокупниот правосуден систем поради вкоренетата и втемелена политичко-бизнис наместо професионална и законита и уставна ориентираност на индивидуи инволвирани во процесот. Поради личното директно или индиректно замешеталството и лукративни цели на поединци од обвинителствата, судството, адвокатурата и политиката сè повеќе се доразградува и онака разградениот правосуден систем и докрај се рушат идеалите за вистина и правда.
Сијамските близнаци (власта и опозиција) позади сцената со широко насмеани усти ги тријат рацете бидејки сè оди според планот и зацртаното сценарио. Важно е некој од нив повторно ќе биде на власт по изборите во април наредната година и ќе продолжи таму каде што застана близнакот кој досега беше на власт. Тоа што народот сè повеќе останува со подзината уста и со сé попразен стомак, а системот е до „коска” руниран и не е така битно прашање, затоа што најважна е забавата за широките народни маси, посебно кога по толку време во главниот град се репризира (по којзнае којпат) политичко-судискиот циркус“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека додека трае оваа реприза на циркуската претстава најважно е судиите и понатаму да дозволуваат да застаруваат кривичните дела, обвинителите малку потајно да рекетираат и да соработуваат со обвинетите, адвокатите и судии да си ги зацврстат меѓусебите односи и спреги доколку ги запоставиле или им попуштиле во меѓувреме, а амнестираните пратеници да го надополнат сопственото чекмече. Министрите слободно можат да продолжат со истото темпо, бидејќи и така никој нив не ги гони за ништо.
„ФРОДЕМ јавно му порачува на француски претседател Емануел Макрон да не се инаети повеќе и мирно да спие бидејќи ‘реформите’ се во полн ек. Во Република Македонија тече мед и млеко за сите оние кои го поддржуваат и кои се дел од ‘Македонското дабл постранзициско политичко-судско милје’. Затоа господине претседателе Макрон, морате веднаш да нè примите во Европа вакви какви што сме, бидејќи за никаде сме“, се вели во соопштението.
Соопштенија
(Видео) Наумоски: Градиме спортска сала во Волково по цели 60 години

Локалната власт предводена од СДСМ продолжува да ги реализира мерките од Програмата што обезбедуваат развој на општина Ѓорче Петров, изјави претседателот на ОО Ѓорче Петров од СДСМ, Мирослав Наумоски.
„Во тек се градежните активности за изградба на нова спортска сала во Основното училиште Јоаким Крчовски во Волково. По цели 60 години, ова училиште конечно добива модерна, функционална спортска сала. 400 ученици конечно ќе можат во соодветни услови да ја одржуваат наставата по физичко воспитување.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги игнорираше потребите на граѓаните, а парите ги трошоше на фасади и споменици, ние инвестираме во унапредување на образованието и спортот. Како одговорна партија, пред граѓаните ветивме дека ќе работиме домаќински, отчетно и одговорно. Денес го правиме токму тоа, како на локално, така и на централно ниво“ рече Наумоски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ сами ќе се казнат за долгот од 2,5 милиони денари од претседателските избори

СДСМ фатени живи во рекетарски октопод и криминал ја активира фабриката за лажни вести да за ги покрие сопствените скандали. СДСМ измислува скандали додека секојдневно на површина излегуваат криминалите на нивните функционери за местење на тендери, рекетирање бизнисмени и ограбување на државата и граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку е кривично дело тоа што тие тврдат, тогаш дали СДСМ самите себе ќе се казнат за долгот од 2.476.000 денари од претседателските избори прикажан во нивниот финансиски извештај? Зошто СДСМ не открива кон кои фирми должи и дали врз истите секојдневно врши закани и притисоци за да не откријат за што точно е направен долгот?
Доколку се чисти нека ги објават фирмите и нека дозволат да се спроведе истрага за нивниот долг од 2,5 милиони денари. За тоа кој е поврзан со случајот Рекет говорат фотографиите од секојдневните дружби со обвинетите како и изјавите на Зоран Заев дека никогаш нема да се откаже од Катица Јанева истиот период кога знаел дека таа рекетира.
Впрочем и обвинителството во проширената истрага за Рекет веќе води истрага за нивната пратеничка и скоро доскорешен потпретседател на партијата Фросина Ременски.
Криминалите на СДСМ повеќе не може да ги покрие ниту една манипулација на презентерот на лажните вести Михаузен Костадинов. Јавноста очекува одговори, правда и одговорност, а тоа ќе го има после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ќе започне обновата на Македонија, се наведува во соопштението на партијата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци