Контакт

Соопштенија

СДСМ: Граѓаните уште еднаш му кажаа НЕ на губитникот Мицкоски

Објавено пред

Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава, соопшти СДСМ.

„Најновата порака до Мицкоски стигна од предвремените избори за градоначалник на Штип, граѓаните решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаа храброст да се соочат со противкандидат, да се соочат со граѓаните на Штип и кукавички без да учествуваат на овие избори правеа опструкции со цел да наштетат на процесот, но не им успеа!

Граѓаните на Штип испратија јасна порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Народот избра демократија, развој, напредок со СДСМ, а Мицкоски останува сам на браникот на криминалот, очаен затоа што знае дека неговите лаги не му поминуваат ниту во сопствената партија.

Затоа Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција“, се додава во соопштението на СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се фати за работа, Заев се радува на 8 илјади донирани вакцини

Објавено пред

Целиот регион се вакцинира, сите нарачуваат милионски количини, само Заев се радува на 8 илјади вакцини, кои ги добива како донација, наместо да се фати за работа и да набави вакцини за сите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција следува откако здравствените власти соопштија дека денеска се регистрирани 21 починат пациент како последица од Ковид-19.

„Тоа се 21 семејство завиени во црно. Тоа се 21 лице, чии животи можеа да бидат спасени ако Заев и Филипче набавеа вакцини навраме“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека секој поминат ден без вакцини е уште еден ден на загубени човечки животи, кои можеле да бидат спасени.

„Стоилковиќ рече дека ѝ се достапни 90.000 кинески вакцини на Владата за брза имплементација. Зошто досега Владата и Филипче не презеле никакви активности за набавка на вакцините? Заев и Филипче мора да одговараат за тоа што досега ја лажеа јавноста оти вакцините само што не стигнале. Вакцини нема, а сите во регионот се вакцинираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис

Објавено пред

И Стево Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис по стандарди на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера претседателот го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението.

Според опозицијата, наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус.

„Целта е јасна, Заев прави политички договор за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменик-директорот на Заводот за статистика. Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред сè своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Oд партијата велат дека од ваквиот насилен попис во кој биле одбиени сите конструктивни предлози на опозицијата, штета ќе имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека е потребно да биде спроведен попис, но како статистичка а не политичка операција, па затоа тие ќе почнат со собирање  граѓански потписи со цел поништување на Законот.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Објавено пред

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, коментирајќи дека пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.

СДСМ е дециден дека пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата и граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

„Немањето попис цели две децении е штетно. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис во 2011 и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари, а сега, како и при сите клучни работи во државата, бара причини за блокади и опструкции и се обидува да го саботира целиот процес. Губитникот Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис и ги повикуваат граѓаните на прекршување на законите“, велат од СДСМ преку соопштение.

Партијата појаснува дека пописот е статистичка операција, која ќе ја реализира Државниот завод за статистика, според сите европски и меѓународни стандарди.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ3 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа4 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет6 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа7 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа8 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија8 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија8 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа9 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа9 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија10 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија11 час

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија11 час

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа11 час

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет12 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет23 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија1 ден

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет1 ден

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Досие