Контакт

Соопштенија

СДСМ: Дали во скандалот за нелегално финансирање на партија се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

Објавено пред

Јавноста е запознаена, велат од владејачкиот СДСМ, со голем скандал за кој Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија.

Според оваа партија, јавно објавените информации говорат дека се обезбедени милионски средства, на нелегален, криминален начин преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена.

Постои сомневање дека овие црни пари завршиле во белиот дворец, додаваат од СДСМ.

„Токму таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка. Јавноста има право да знае дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: на кој начин е поврзан со овој скандал?“, реагираат од партијата на власт.

Истрагата на Управата за финансиска полиција и надлежните институции, велат од таму, треба да ги даде одговорите за сите детали за овој случај.

Соопштенија

СДСМ: Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите

Објавено пред

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште не се изјаснил во однос на иницијативата и не закажал седница, што е незабалежано во праксата, обвинуваат од СДСМ откако вчера нивната советничката група и ДУИ поднесеоа иницијатива за свикување вонредна седница, на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа.

„Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница, на која првин ќе се гласа за оправданоста на итноста, а кога ќе се утврди оправданоста, Советот ќе гласа по однос на точките од дневниот ред.

Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина што побргу да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот затоа што нема потреба за такво нешто“, се наведува во партиската реакција.

Според СДСМ, Славески очигледно не наоѓа разбирање за ситуацијата или, пак, свесно калкулира.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе дo несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски

Објавено пред

„Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски.

Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан.

Автобусот на „Беса транс“ немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш, туку неколкупати, и ниту Оливер Спасовски ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе.

Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење стакла, ниту противпожарни апарати.

Три дена по несреќата, државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.

Сѐ што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта ѝ требаат три дена.

Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај и за тоа мора некој да сноси одговорност“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Новиот директор на РЕК „Битола“ е дипломиран машински инженер и искусен докажан кадар

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што како власт го урниса енергетскиот сектор, а цената на струјата ја зголеми 100 отсто, денес како опозиција омаловажува искусни кадри кои се посветени на надминување на предизвиците во енергетиката.

Како што објави и АД ЕСМ, новиот директор на РЕК „Битола“ е искусен, докажан кадар, кој досега ја извршувал функцијата директор на „Термоелектраната“, а претходно бил координатор за електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност.

Станува збор за човек кој е дипломиран машински инженер и магистер на менаџмент на човечки ресурси, кој претходно работел во приватниот сектор и тоа токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професионалните кадри беа маргинализирани само затоа што не беа членови на ВМРО-ДПМНЕ и дел од режимот.

Срамно и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, за омаловажување високообразовани лица, кои дават свој придонес во општеството.

Со тоа се покажува дека оваа партија не е излезена од режимската матрица на напади и омаловажувања на секој што не мисли како нив“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа. Направени се 2.547 тестирања,...

Македонија15 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет15 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија15 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија16 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет17 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија1 ден

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија1 ден

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија2 дена

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Досие