Контакт

Соопштенија

СДСМ: Датумот за преговори со ЕУ е извесен колку и да не му се допаѓа тоа на Мицкоски

Објавено пред

Ниту датум, ниту реформи, ниту позитивни извештаи, ништо, 11 загубени години за државата, за граѓаните, тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во однос на ставовите на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

„За само 2 години, од заробена држава, со спроведените реформи од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, Северна Македонија е светол пример. Датумот за почеток на преговорите со ЕУ е извесен, а земјата е веќе членка на НАТО. Првпат по 11 години нашата земја не само што има најпозитивен извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите туку има потврда и силна поддршка од сите земји членки на Унијата“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Во него се додава дека напредок е постигнат во сите сегменти, а како што се вели, најочигледен е во економијата.

„Од -1,8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега порасна 4,1 отсто. Невработеноста е намалена на најниски досега 17,8 отсто. Во последните 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места. Извештајот на Конференцијата на ОН покажува дека Северна Македонија забележала најголем раст на директните странски инвестиции од 260 отсто“, потенцираат од СДСМ оценувајќи ја како класична лажна вест изјавата на Мицкоски дека буџетот не се полни.

Според СДСМ, во ситуација кога земјава очекува датум за преговори, најмалку што може Мицкоски да направи е да го поздрави напредокот на неговата земја и да се заблагодари за поддршката што доаѓа од Германија.

„Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО“, велат од владејачката партија.

Македонија

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид-19 што поминале низ земјава нè дискредитира како држава

Објавено пред

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство. Ова е официјалното соопштение и образложение со кое надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на Ковид-19 од нашата земја слетува во друга држава, во конкретниот случај во Финска.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели: „Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, што доаѓаат во земјата или транзирираат од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата“. Се поставува прашањето дали надлежните институции прават каква било контрола на патниците што слетуваат во земјата, кои транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде нè позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата на Ковид-19? Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји што сè уште не ни ги имаат затворено границите? За патниците што транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или, пак, директно летаат кон следната дестинација? Постои ли каква било контрола или одговорност за еден ваков случај, кој потенцијално дополнително нè дискредитира како држава во однос на начинот на кој ја менаџираме кризата предизвикана од Ковид-19 ?“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Заев треба итно да побара распишување нови избори

Објавено пред

Зоран Заев, доколку има грам морал, совет и одговорносот, веднаш да побара распишување нови избори, велат од партијата Единствена Македонија.

„Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта, а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат кон Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогаш северна – само Македонија’ во контескт на битката за влијание во Македонија.

Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не може да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат. Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија бидејќи СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно по јазичната, да се инагурира и територијална федерализација и на крајот, конечно, распарчување на Македонија.

Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има“, наведува Единствена Македонија во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада ослободени од национализам

Објавено пред

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопшти СДСМ.

„ На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“ додава партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа2 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија2 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија3 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија5 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија5 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија5 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија7 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет8 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија8 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ8 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет9 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет10 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет10 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет10 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа11 час

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет21 час

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет22 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија24 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Досие