Контакт

Соопштенија

СДСМ: Денеска е денот Д за ВМРО-ДПМНЕ да се одлучи дали е против криминал

Објавено пред

Предлог-законот за јавно обвинителство од денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем, информираат од СДСМ, од каде додваат дека ова е последен повик до ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво.

„Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ сметаат дека единствена причина поради која партијата на Мицкоски не го поддржува законското решение е, како што велат, поради криминалот во нејзините редови и заради политиката на изолација што ја практикуваат.

„Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот“, стои во соопштението.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ заедно со обвинети и осомничени партиски фунционери, како и пратеници, прават сè да ги загрозат правната држава и владеењето на правото.

 

 

 

Соопштенија

СДСМ: Ситуацијата со коронавирусот е сериозна, законските измени да се донесат без одлагање

Објавено пред

„Во период кога есенскиот бран на коронавирусот е во налет, како кај нас, така и во државите од регионот и Европа, а бројот на инфицирани секојдневно расте, потребна е целосна посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.Граѓаните мора доследно да ги почитуваат мерките и на тој начин да го заштитат сопственото но и јавното здравје.Најдобро, наједноставно и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете“, соопшти СДСМ.

Според партијата, за поголема заштита и за намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата предводена од СДСМ усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири.

„За стапување на овие мерки на сила, потребни се измени на Законот за заштита на населението од заразни болести. Измените кои се во собраниска процедура мора да бидат донесени без одлагање затоа што се важни за заштита на јавното здравје и поголема заштита од коронавирусот.Сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: 22 починати и 30% од тестираните позитивни на Ковид, што треба да се случи за Филипче да си даде оставка?

Објавено пред

„22 починати во текот на вчерашниот ден од Ковид, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран. Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Венко Филипче го внесува системот во хаос.

„Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека не очекува есенски бран.Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип, а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само допринесува медицинскиот кадар да ја напушта државата. Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. Одговорност веднаш“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Заев од Конгресот: Победите на СДСМ се победи на граѓаните

Објавено пред

На 15 јули граѓаните испратија јасна порака, дека државата мора да продолжи на вистинскиот пат, а на тој пат е најсигурно со СДСМ, победите на СДСМ се победи на граѓаните, победи за подобар живот на сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на 25. партиски Конгрес.

„Темелите на овие победи ги поставивме уште во 2015 година, преку „Вистината за Македонија“ и најголемиот граѓански протест од 17 мај, 2015 година. Потоа се случи и Шарената револуција, најмасовната и најразнолика форма на граѓански, слободарски отпор против режимот. Во 2016 заедно со сите граѓани урнавме режим! Месеци подоцна, по неуспехот на режимот да спречи демократски промени и неуспешниот државен удар на 27 април, ја добивме честа и одговорноста да формираме демократска влада. Заедно со граѓаните ја вративме слободата и демократијата. До 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Слободата и демократијата се заедничка победа наша, на СДСМ, со нашиот народ. За тоа сме горди и тоа е наш аманет, наша вредност, да ја чуваме и да ја унапредуваме слободата и демократијата.

Убедливо победивме на локалните избори во 2017, во над 50 општини ширум земјава.

Во 2018 година над 610.000 граѓани гласаа ЗА членство во НАТО и ЕУ, ЗА договорот од Преспа, за да одиме напред. 610.000 граѓани тој ден, излегоа од дома и дадома огромна, масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник.

На изборите во 2019 година Северна Македонија доби Претседател, дефиниран и предложен од СДСМ, поддржан од многу политички партии, од сите етнички заедници на државата. Тоа го може СДСМ, тоа СДСМ го прави најдобро, обединува, води напред. И повторно победа, како јасна потврда на курсот по кој ја водиме земјата, како верификација на нашите јасни и изричити евроатлантски и демократски определби.

Победивме на парламентарните избори оваа година, на 15 јули и еве не денес, ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ги предводиме институциите, да работиме во интерес на граѓаните и државата.“ порача Заев.

Тој истакна дека сите овие победи се мотив уште повеќе и уште подобро да се работи во интерес на граѓаните.

„Имаме мотив, имаме волја, имаме и сила и енергија да продолжиме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.“ посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така од вечерва стапува на сила забрана за движење...

Европа1 час

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа2 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ2 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет2 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија14 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет14 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија15 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија17 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион18 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион20 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа21 час

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион22 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ23 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија1 ден

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија2 дена

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Досие