Соопштенија
СДСМ: Деструкциите на Мицкоски и неговиот шеф Груевски ќе бидат поразени, пописот ќе се одржи

„Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани. Пописот на населението, што ќе се одржи напролет, е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении, во државата ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социоекономски развој. Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди“, соопшти СДСМ.
Според партијата, најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог-закон може да поднесе секој пратеник во собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите.ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011 година со неуспешниот обид за попис.Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени. Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николовски до градоначалниците од СДСМ: Да се спречи секое коруптивно дејствување во општините

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва одржал работен состанок со градоначалниците од редовите на СДСМ.
Како што информираат од владејачката партија, Николовски на средбата зборувал за усвоениот акциски план за борба против корупција донесен од страна на Владата.
„Ова е дел од политиките и решителноста на СДСМ да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството“, им порачал Николовски на градоначалниците.
Генералниот секретар нагласил и дека 2021 е важна не само за тоа што следуваат локални избори наесен, туку и поради фактот што токму оваа година е година на рестарт на економијата и стопанството.
„Затоа е од клучно значење да има што поголема реализација на капитални проекти како на централно, така и на локално ниво“, посочил Николовски, додавајќи дека довербата на граѓаните во СДСМ е голема, а партијата е фаворит на локалните избори.
Тој се осврнал и на мерит-системот на функционирање на партијата преку кој се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, а истовремено ја потенцирал и важноста на владиниот план за борба против корупцијата.
„Ред, правда и дисциплина се приоритетите од кои се води СДСМ како одговорна, државничка партија. Тоа треба да го практикува секој од нас како на централно, така и на локално ниво. Како носители на локалната власт и довербата што ви е дадена од граѓаните очекувам активно да се вклучите во оваа заедничка борба, да дадете свој конкретен придонес во спречувањето на коруптивното дејствување на локално ниво, во органите на локалната самоуправа“, порачал Николовски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: „Фридом хаус“ потврди дека Македонија има сериозен проблем со корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека според извештајот на „Фридом хаус“, Македонија нема напредок во борбата со корупцијата.
„Македонија тапка во место, односно ништо не се сменило. Корупцијата останува сериозен проблем, постои широкораспростране неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството. Наспроти фалбите за реформи, продолжуваат да се појавуваат сериозни скандали со корупција и набавки. Ова е оценката на ‘Фридом хаус’“, соопшти партијата.
Како што велат, Македонија останува делумно слободна држава, во која сè уште се нотирани изборен поткуп и заплашување гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат. За некои од медиуми се нотира дека се поврзани за политички или деловни интереси, кои влијаат на нивната содржина, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што власта сака да го истакне како постигнување, трите поени разлика, се должат токму на тоа што ВМРО-ДПМНЕ неколкупати го истакнува, а тоа е дека беа признаени избори во име на ветената европска иднина, односно почетокот на преговорите со ЕУ. Трите поени се однесуваат на тоа што без проблеми била формирана влада по јулските избори, иако се регистрирани изборни измами, закани и други форми на изборен притисок, а се нотира и забелешката од ОБСЕ дека власта во последен момент ги сменила изборните правила“, наведуваат од опозициската партија.
Тие нагласуваат дека оценката на „Фридом хаус“ оти Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за хибриден режим на „Економист“ на оценката дека Македонија тоне во корупција, според „Транспаренси“.
Соопштенија
СДСМ: Растот на рејтингот во извештајот на „Фридом хаус“ нова потврда за успешните политики

Најновиот извештај на реномираната „Фридом хаус“ нотира напредок на Република Северна Македонија во споредба со минатата година за 3 поени. Генералната оценка на најновиот извештај на „Фридом хаус“ е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата, соопшти СДСМ.
Од партијата велат дека тоа е неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев за слободата и демократијата што сега ги живееме.
„Извештајот го потенцира новиот забележителен напредок на нашата земја, пред сè, во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс. Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со забелешка дека одреден дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права и натаму укажува на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Повикувајќи се на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, велат од СДСМ, „Фридом хаус“ нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.
„Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година. Истовремено, нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми, особено на онлајн-платформите. Времето кога земјата беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации“, соопшти СДСМ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер