Контакт

Соопштенија

СДСМ: Досега со бескаматни кредити се помогнати 1.300 фирми со речиси 17.000 вработени

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата, соопшти СДСМ.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија Ковид-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија Ковид-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки, чија подготовка е при крај и чија реализација ќе почне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, се додава во партиското соопштение.

Соопштенија

Љубе Бошкоски го предизвикува Мицкоски на ТВ дебата

Објавено пред

Слушам декa криејќи се зад други луѓе Христијан Мицкоски деновиве ме прозвал на прес, вели Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, кој го предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дебата, за како што вели да се расветлат работите.

„Твоето дејствување се разликува од моето, се сеќаваш на бесрамното и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари“, вели Бошкоски и додава дека на обвинувањата одговара подоца бидејќи деновиве бил зафатен со состаноци со потенцијални бизнис инвеститори од Загреб и Грац.

„Сето ова го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци“, истакнува Бошкоски и потсетува дека уште пред речиси една година го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нa ТВ дебата пред целaтa мaкедoнскa јавност.

„Охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“, порачува лидерот на Обединети за Македонија.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Губитникот Мицкоски и очајната ВМРО-ДПМНЕ ги ставаат партиските интереси пред здравјето на граѓаните

Објавено пред

„Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневнополитички агенди и кога глумат загриженост за здравјето. Како и за сè, така и за опасниот вирус, Христијан Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба. За Мицкоски, вирусот беше опасен, па поради тоа, правеше притисок за предвремените парламентарни избори глумејќи загрижен лидер кому му било важно здравјето на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Според партијата, од друга страна, ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи и поради него се отвораа фитнес-центри, се заклучуваа ресторани.

„Неговите послушници работеа директно против здравјето на граѓаните. Заменик-министерката за финансии во техничката влада, Гордана Димитриевска-Кочоска, го закочи проектот од Светската банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети. Во меѓувреме, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, ги загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници. Колку на Мицкоски му е важно здравјето на граѓаните, покажува и однесувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која се обидуваше да го опструира Законот за здравствената заштита на населението од заразни болести во Собранието. Од почетокот на ковид-кризата во земјата од опозицијата не видовме ништо друго, освен неконструктивно дејствување, опструкции и критики. Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер кому партискиот интерес му е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и за македонскиот јазик

Објавено пред

„Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик. Заев спрема декларација на договорот со Бугарија за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија и дека тој ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот што го потпишал ниту е финален ниту ја гарантира европската иднина на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување некакви договори, а земјата тапка во место.

„Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите што доаѓаат кон Македонија. Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари. Зоран Заев како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара. Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и на македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет2 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија3 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет3 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет3 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет3 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа3 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет14 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа16 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија17 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија18 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт21 час

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет21 час

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет22 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија22 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука1 ден

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија1 ден

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Досие