Контакт

Македонија

СДСМ до Мицкоски: Кажи дали си посегнал по парите на еден од осомничените

Објавено пред

Владејачкиот СДСМ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали дали посегнал по парите на еден од осомничените во случајот „Рекет“.

„Христијан Мицкоски да не бега од јавноста туку да одговори дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во белиот дворец. Дали посегнал по парите на еден од осoмничените?“, прашува СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го праша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, што договарал на средбите со Боки 13 и дали има разговарано за рекет и колку пари биле изнудувани од бизнисмените.

Македонија

Започна првиот онлајн саем за вработување во Македонија: 550 огласи во регионот чекаат на вас

Објавено пред

Иднината на вработувањето се случува овде и сега – бидете дел!

Ако барате нова работа или шанса за почеток на вашата кариера, подгответе го вашето CV за првиот онлајн саем за вработување во Македонија – www.denovizavrabotuvanje.mk.

Саемот започна денес, а ќе трае во наредните осум дена. Организатор е Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao (Хрватска), Infostud (Србија) и Posao.ba (БиХ).

На саемот учествуваат 83 реномирани компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Се што ви треба за да ги посетите штандовите на било која од нив е пристап до интернет. Саемот е достапен за сите, од секаде и посетата е целосно бесплатна.

Саемот годинава бележи рекорден број на огласи и изложувачи, па за да можете полесно да се снајдете во пребарувањето истите се поделени во четири тематски капсули: Трговија, ИКТ, Финансии и Образование.

Покрај можноста да аплицирате за некои од вкупно 550 слободни позиции во било која од 4те земји учеснички на саемот, лесно може да стапите во комуникација во реално време со претставник од компанијата, користејќи ја опцијата чат.

Освен тоа, сите учесници на саемот имаат можност да учествуваат во виртуелниот настан “Лов на богатство“ кој може да им донесе вредни награди, како што се: iPhone X 64 GB, Лаптоп LENOVO V130, Електричен тротинет XIAOMI M365 и Спортски часовник HUAWEI GT Active.

Штандовитте на А1 Македонија, Кроациа Осигурување – Живот, Teleperformance, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Van Hool, Apave, Asseco, Kromberg & Schubert, Lactalis, Marquardt, Kessler, Nelt ST, ParkLand Hospitality Group, Vrabotuvanje.com и голем број други компании во регионот се отворени и ве очекуваат на www.denovizavrabotuvanje.mk.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на 1ТВ

Објавено пред

1ТВ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од таму појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и 1ТВ, не смее да направи промена на сопственичка структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Воедно, додаваат од АВМУ, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена.

„Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ“, се наведува во соопштението.

Изминатиот период, велат од таум, имајќи ги предвид последните случувања поврзани со 1ТВ, Агенцијата започна низа активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот и во дозволата за телевизиско емитување. Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, се наведува во соопштението, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изградбата на новиот паркинг во Ново Лисиче во завршна фаза

Објавено пред

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните активности на новиот паркинг што се наоѓа во непосредна близина на детската градинка „Бубабара“ во Ново Лисиче.

Изградбата на овој паркинг-простор, со кој се обезбедуваат 50 нови паркинг-места, е во завршна фаза. Паркингот е адаптиран на посочениот простор и притоа се зачувани дрвјата на постојната локација.

Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината. Општина Аеродром во изминатиот период исто така ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот Видое Смилевски-Бато.

Општината продлжува со реализација на инфраструктурни проекти за проширување на постојните и изградба на нови паркинзи на ниво на целата територија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на 1ТВ

1ТВ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија2 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија2 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија3 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет3 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион4 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија4 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет6 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет6 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион7 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа7 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија18 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет19 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија21 час

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа22 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион24 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт24 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет1 ден

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет1 ден

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Досие