Контакт

Соопштенија

СДСМ: До 20 пати зголемени казните за прекршоци против животната средина

Објавено пред

„Заштитата на животната средина, со ефикасни мерки за обезбедување еколошки чиста и здрава околина, чист воздух и вода, претставува живеење по европски стандарди и вредности. Токму затоа СДСМ преку стратешката рамка на Владата ‘Акција 21’ презема сериозни чекори за заштита на животната средина.Казните за прекршоци против животната средина се зголемени до 20 пати, воведена е 24-часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и на локалните инспекторати“, соопшти СДСМ.

Според партијата, Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која досегашните комунални инспектори и екопатроли ќе можат заеднички да преземаат мерки против загадувачите.

„Како дел од програмата за намалување на аерозагадувањето годинава се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, како и обновување на урбаното зеленило. Оваа година продолжуваат инвестициите во замена на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси. За заштита на животната средина еден од главните приоритети во 2021 година е зголемување на процентот на заштитени природни подрачја. Годинава продолжуваме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.

Паралелно тече постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, постапка за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа, како и на дел од Водно за заштитен предел. Од државниот буџет со 70 милиони евра ќе се финансира еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје со цел обезбедување чист воздух во главниот град. Истовремено, ќе продолжат и субвенциите за набавка на инвертер-клими за дополнителни 5.000 домаќинства. СДСМ силно и бескомпромисно се бори за заштита на животната средина, на природните богатства. За поквалитетен живот на сите граѓани, ги носиме европските вредности дома“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од  министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.

„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.

„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски

Објавено пред

„Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2,5 години нема воен претставник во седиштето на НАТО затоа што НАТО го одби кандидатот што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО-филтрите говори дека власта го руши угледот на државата.

„Ова отвора и ново прашање – дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја што не е стратешки партнер на Македонија? Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица што им ја удри“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пописот е важна статистичка операција, повикот за бојкот е повик за кршење на законите

Објавено пред

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис во согласност со меѓународните стандарди и прописите на Евростат. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно“, соопшти СДСМ.

Според партиите, бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Мицкоски, значи и повикување на кршење на законите.

„Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот. Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот. Победници од пописот ќе бидат граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање политики и стратегии. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување попис во согласност со меѓународните стандарди и пракси“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Кина воведени санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет3 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет4 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија4 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт6 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија6 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија6 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет7 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија7 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија8 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет10 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет11 час

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија12 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ12 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет13 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет13 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија14 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет1 ден

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет1 ден

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија1 ден

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Досие