Контакт

Соопштенија

СДСМ: Економијата расте и се движи напред, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат процените на ММФ

Објавено пред

По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за кус период успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно домашниот бруто-производ забележа раст од 3,1 отсто, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од – 1,3 отсто. Со реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ и враќањето на земјава на евроинтеграцискиот пат во Македонија има раст на економијата, но и на инвестициите. Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава. Растат странските инвестиции, но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, државниот долг што го остави ВМРО-ДПМНЕ е намален“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека во целиот овој период раководството на ВМРO-ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од СДСМ, ќе ја сноси вината доколку се реализираат процените на ММФ и Светската банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани, се посочува во соопштението на СДСМ.

Соопштенија

СДСМ: Владата се грижи за лозарите

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија, велат од партијата.

„Дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок ќе се обезбедат од средствата од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со коронавирусот. За винските сорти вранец и смедервка остануваат претходно договорените 2 денари субвенции за килограм, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања, како и 2 денари субвенција за откупено грозје. Овие средства ќе им бидат исплатени на лозарите до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата со коронавирусот“, велат од СДСМ.

Дополнително, велат од СДСМ, останува супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино

„Владата предводена од СДСМ, во изминатите 3 години покажа вистинска грижа за лозарите, со решавање на наследениот хаос во овој сектор, со исплата на заостанатите субвенции, редовно и неселективно плаќање на субвенциите, а го реши и долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари. Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја намалуваше цената на струјата и книжеше профит за ЕЛЕМ

Објавено пред

Граѓаните денес, поради Зоран Заев ја плаќаат најскапата струја во историјата на Република Македонија. Во ек на коронакриза кога секаде во светот имаше повластувања и намалување, Заев ја покачи цената на струјата за тој и неговите блиски да полнат џеб, додека народот нема ни за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секогаш воделе грижа за граѓаните. Додека Христијан Мицкоски бил дел од секторот енергетика, како советник на Претседателот на Влада, а подоцна и како директор на ЕЛЕМ имаме континуиран пад на цената на струјата. Првото покачување следува со Зоран Заев. Кога Христијан Мицкоски ја напушти челната позиција во ЕЛЕМ, претпријатието го остава со 25 милиони евра депозит и 6.8 милиони евра на сметка. И со сите тековни обврски подмирени. Мицкоски го остава ЕЛЕМ во раце на СДСМ како целосно оперативно, ликвидно и солвентно претпријатие. Сега претпријатието нема ниту денар на сметка. А слабата финансиска кондиција се користи како оправдување за покачувањето на цената на струјата“, пишува во соопштението.

Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, знаеше да менаџира и да управува умешно со претпријатието, притоа да ја намалуваше цената на струјата, и во исто време книжеше профит за ЕЛЕМ, а СДСМ генерира загуби и ја покачува цената на струјата.

„Со СДСМ ЕЛЕМ само пропаѓа, а пропаѓа затоа што парите од истото се користат за покривање на милионски тендери со цел полнење на џебовите на струмичките газди чии камиони вртат во РЕК, задоволување на апетитите на финансиерите на СДСМ како Силјан Мицевски кој доби тендер од 6.8 милиони евра, и струмичката агенција за обезбедување која преку универзалниот снабдувач за електрична енергија испумпа 16.7 милиони евра откако е СДСМ дојдена на власт до сега. СДСМ зема од народот за да има повеќе за фирмите блиски до нив. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонскиот концепт: Односите меѓу Македонија и Бугарија се заложник на мафијата

Објавено пред

„Рамковната позиција и манифестот кон ЕУ на Република Бугарија претставуваат едностран чин на непријателство и суспендирање на илинденскиот договор за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Бугарската политика кон Македонија е воскреснување на живковизмот/болшевизмот во Бугарија, актите кон Брисел се промоција на политиките на стариот СССР кон Балканот, срамно е тоа да го прават бугарски политичари, кои себеси се декларираат како антикомунисти, а во суштина спроведуваат болшевизација наспроти натовизација на Македонија“, е ставот на Македонскиот коцепт.

Тие ја повикуваат бугарската демократска јавност и интелигенција да се кренат против некои бугарски политичари, кои работат за туѓи бели дворови, а против бугарските интереси.

„Сигурни сме дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е македонски, но и бугарски национален интерес. Политичарите што тоа го спречуваат работат против македонските и против бугарските интереси. Московското влијание врз бугарската надворешна политика се забележува без особени тешкотии. Се повикуваат македонските безбедносни служби да проверат дали одредени бугарски дипломати и некои бугарски здруженија во земјата работат за руските цивилни и воени служби, со цел да се спречи или забави натовизацијата и европеизацијата на Македонија.

Односите помеѓу двете земји се заложник на мафијата. Ги повикуваме македонското и бугарското јавно обвинителство да проверат дали одредени бугарски политиканти се платени од македонски олигарси да дејствуваат во насока на уцени на македонските државни институции преку овој процес во Брисел, сè со цел овие вторите да се спасат од правен прогон и затвор во Република Македонија! Исто така, да констатирате дали дел од македонската опозиција е финансирана и заложник на овие олигарси и намерно дејствува во насока на влошување на добрососедските односи со цел да се спречи процесот на почнување на пристапните преговори со ЕУ“, се вели во соопштението.

„Ги повикуваме македонските бугараши од земјава и странство да престанат да работат за нивните шефови од УДБА и ДПМНЕ, сега ние сме слободна земја и нема потреба од страв и уцени, особено во насока на спречување на евро-атлантските процеси во Македонија. Редно е да го спознаете ВМРО и да застанете на правата страна на историјата. Од друга страна, ги повикуваме македонските Бугари целосно да се интегрираат во македонското фер општество во кое за секој има еднаква шанса и кое ја изградува Македонија како граѓанска држава на сите Македонци, граѓани на Републиката, без разлика на нивен етнички, верски или политички идентитет. Македонија е ваша мајка, не Бугарија!

Недозволиво е молчење на македонската Влада и владејачкиот СДСМ за ова прашање, особено што тие се потписници на илинденскиот договор. Доколку не заземете став на осуда на едностраниот акт на суспендирање на тој договор, ќе констатираме дека сте заложници на истата таа мафија и одработувате против македонските национални интереси и против европската агенда на Македонија во интерес на трета земја“, додаваат од Македонскиот концепт.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура14 минути

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет41 минута

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ1 час

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион3 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија3 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион3 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт4 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија4 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ4 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија6 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет7 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија9 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија9 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет10 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија10 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет11 час

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ11 час

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт11 час

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион1 ден

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет1 ден

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Досие