Контакт

Соопштенија

СДСМ: Заев се сретна со Вартоломеј зашто доби директна покана и сам си ги плати патните трошоци

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, соочена со извесен убедлив пораз на изборите и очај од немање програма, останува заглавена во деструктивната матрица, велат од СДСМ како реакција на денешното излагање на Наум Стоилковски, кој запраша во кое својство Заев отиде на средба со вселенскиот патријарх.

„Средбата е резултат на поканата што вселенскиот патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер на Република Северна Македонија, а додека се договараше нејзината реализација, во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната Влада“, се објаснува во партиската рекција во која се додава дека токму затоа во посета заминале и Заев и Спасовски.

Од СДСМ велат дека сите трошоци за патувањето биле намирени лично од претседателот Заев, нешто за што истакнуваат дека било незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно за јавното здравје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен, соопшти СДСМ.

„Пандемијата зеде замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот Владата предводена од СДСМ прави с è за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот во иста просторија мртовци лежат, а пациенти се лекуваат

Објавено пред

Во која друга земја во светот во една иста просторија има мртовци и пациенти што се лекуваат. Тоа, за жал, се случува во битолската болница во Македонија. Тоа е последица на распаднатиот здравствен систем, кој е продолжение на случаите каде што во двор на болница се примаше инфузија, пациент во Штип почина поради недостиг на кислород, пациентка од Струга почина во дворот на охридската болница, само затоа што не ја пуштија да се лекува, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека Филипче ја лаже јавноста оти болниците се отворени за сите пациенти. Во болницата ‘8 Септември’ не примаат пациенти над 70 години. Овие луѓе се оставени да умрат во немилост од државата.

Вистината е дека Филипце ја лаже јавноста кога вели дека ја има ситуацијата под контрола кога нема ништо под контрола.

Поради неспособноста на Филипче, со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително, луѓето се позајмуваат за да може да се тестираат, а додека чекаат резултати, остануваат и без работа.

Сведоштвата што ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и често ги пишуваат и на социјалните мрежи, се траурни.

Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој час од Ковид-19.
Филипче и Заев се главните виновници што се губат животи“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

Објавено пред

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа што Град Скопје треба да ја врши редовно затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Тој се фали дека е спремен за снег во ситуација кога има најмалку четири општини во градот Скопје во моментот во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз што повеќето од граѓаните на Скопје не може да си го дозволат, па се принудени да се задушуваат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици врз животот од нечистиот воздух за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.

Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите што им ги ветил на скопјани.

„Урбанистичкото насилство продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, сè повеќе има сообраќаен метеж, а ветувањата за град без смог останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера...

Култура59 минути

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе и обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата коишто се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа2 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет2 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија2 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион3 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа3 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет3 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет4 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет4 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет4 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет4 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија16 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет17 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет17 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија18 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа18 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет19 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт19 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие