Контакт

Соопштенија

СДСМ: За дебата се потребни ставови, Мицкоски да каже дека е против бојкот

Објавено пред

Мицкоски да се охрабри, да покаже одговорност пред државата и граѓаните и исправено да каже дека е против бојкот на референдумот, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„На помалку од 20 дена од референдумот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став дали се против бојкот на македонската иднина. Треба да му се помогне на Мицкоски. Секој што ја сака Македонија треба да му помогне на Мицкоски, да го повика да се охрабри и исправено да каже дека е против бојкот на македонската иднина. Само така, со јасен и цврст став, Мицкоски би можел да оди на дебата. За дебата се потребни ставови. Несериозно и неодговорно е сè друго“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија порачаа дека се работи за историски моменти и неопходна е одговорност на сите политички фактори да ја поддржат иднината на нашата татковина во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ упати порака до премиерот Зоран Заев дека мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата кога премиерот јавно одби соочување со Мицкоски додека тој не каже дека е против бојкотирање на референдумот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

НСДП: На 30 септември Европа да стане наш дом

Објавено пред

Од

Претседателот на НСДП, Тито Петковски и потпретседателката на партијата и министерка задолжен за странски инвестиции во Владата на Република македонија, Зорица Апостолска вчера во Охрид остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од петата изборна единица.

„На 30 септември имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина, да обезбедиме цврсти гаранции за безбедна иднина на нашите деца“ рече Петковски притоа потенцирајќи дека едниствениот начин да се стопираат негативните демографски трендови со иселувањето на младите е стекнувањето на полноправно членство во НАТО и ЕУ.

„Како политичка партија на граѓаните секојдневно им ја приближуваме и објаснуваме важноста на политичкиот моменет во кој се наоѓаме како држава со решението на спорот за името. Пораката која ја испраќаме и ќе ја продолжиме да ја испраќаме е дека македонско-грчкиот договор е влог во нашата иднина, со него младите повеќе нема да мора да ја барааат Европа надвор од нашите граници, Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие“ рече Петковски.

Осврнувајќи се на придобивките од евро-атланските интеграции на земјава, потпреседателката на партијата Зорица Апостолска истакна дека со членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

„За придобивките од членството во ЕУ и НАТО најдобро зборувааат економските показатели од земјите во регионот. Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали од 17% на 5%. Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали од 15% на 4%. Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%. Овие економски показатели јасно ги оцртуваат перспективите кои се отвроаат за младите во Македонија и не може да се најдат подобри причини од овие за тие да останат овде“, рече Апостолска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ван Бален на Шапуриќ: Силна е поддршката на ЕУ за Македонија

Објавено пред

Од

Во кабинетот на министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, денеска на средба беше пратеникот во Европскиот парламент и претседател на АЛДЕ, Ханс Ван Бален.

На средбата министерот Шапуриќ го информираше Ван Бален за планот за економски раст на Владата, односно мерките за поддршка на странските и домашните инвеститори.

,,За првпат во Македонија условите за инвестирање се еднакви и за странските и за домашните инвеститори̋, истакна Шапуриќ.

Потоа, министерот го запозна со активностите што ги спроведува за подобрување на бизнис-климата, преку посети на компании, состаноци со стопанските комори во Македонија, учество во изготвување и спроведување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и друго.

Се разговараше и за претстојниот референдум, при што беше констатирано дека членството во НАТО и приближувањето кон европското ,,семејство“ ќе донесе низа бенефити за Македонија, особено пораст на економијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Европратеникот изрази задоволство од реформите во економскиот сектор, како и од одлучните политики на Владата, предводена од претседателот Зоран Заев, коишто, како што посочи, по 11 години застој, водат кон прогрес на државата. Тој ја потенцираше сопствената и поддршката на Европската Унија за Македонија, и истакна дека се надева дека граѓаните ќе ја препознаат оваа историска шанса и на 30 септември ќе излезат на референдум и ќе го дадат својот глас за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Енес Ибрахим: Како во 1991 година, така и на 30 септември Турците се „за“

Објавено пред

Од

Партијата за движење на Турците (ТХП) продолжува да ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на претстојниот референдум, кој ќе се одржува на 30 септември. Со таа цел ТХП синоќа организира средба во Куманово, каде што се обрати и претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим.

Енес Ибрахим  им потенцира на Турците од Куманово дека единствената алтернатива за перспективна и стабилна Македонија е патот кон НАТО и ЕУ. Затоа масовно треба да се излегува на референдумот и да се даде поддршка на оваа историска можност.

,,Турците како лојални граѓани на оваа земја и во далечната 1991 масовно и едногласно беа за независна и суверена Македонија, не се сомневам дека истото ќе го сторат и на 30 септември и конечно нашата земја ќе се доближи до семејството на ЕУ, а тоа ќе значи економска, општествена, безбедносна преродба за сите граѓани“, истакна Ибрахим.

Во Куманово делегацијата на ТХП имаше и куса средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија29 минути

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија3 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија3 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија16 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија17 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија20 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија20 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток23 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ24 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Досие