Контакт

Соопштенија

СДСМ: За тоа што Мицкоски се радува на блокадата во ЕУ следува казна од граѓаните на 12 април

Објавено пред

Мицкоски не може да побегне од кажаното. Цел свет призна дека Република Северна Македонија испорача и ги направи сите потребни реформи за да добие датум за почнување на преговорите со ЕУ, само Мицкоски се радуваше на блокадата за почнување на преговорите, соопшти СДСМ.

„Тоа е вистинското лице на Мицкоски. Тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која сè уште функционира под диригентската палка на Никола Груевски. Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Единствена обнова што ја нуди Мицкоски е обнова на криминалот и расипништвото“, велат од владејачката партија.

Соопштенија

Левица: Статусот на Охрид во УНЕСКО се жртвува за интересите на ДУИ

Објавено пред

Среде пандемија, кога се соочуваме со можеби најголемата криза во последните 30 години, од „Бихаќска“ уште сега сигнализираат дека статусот на Охрид во УНЕСКО е спремен да се жртвува на олтарот на голата желба за власт и профит-интересите на нивниот коалициски партнер ДУИ, сметаат од политичката партија Левица.

Ова го констатираат врз основа на, како што велат, несреќна изјава на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој во радиоемисија рекол дека ако утрe се обиде да ги урне дивоградбите во Охрид, можеби некој ќе го убие.

„Ова најпластично ги илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалициски партнер. Узурпацијата на охридското крајбрежје продолжува и сега, при што пред неколку дена објавивме дека само на неколку метри од спорниот објект на советникот Нефи Усеини забрзано се гради нов цврст објект во време кога беснее епидемија“, алармираат од Левицата.

Тие сметаат дека потребно е градоначалникот Константин Георгиески да собере храброст и да си ја врши работата за која е избран и да го почитува правниот поредок на Република Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Граѓаните од Загреб се враќаат по превисокa цена, ова е воено профитерство

Објавено пред

По фалбите на целата Влада на СДСМ дека со хуманитарни летови ќе ги врати граѓаните од светот, кои се заглавени поради коронавирусот, почнавме да гледаме и почнавме да слушаме сведоштва од патниците дека секој хуманитарен лет и секој еден хуманитарен билет сами си ги плаќаат граѓаните по стотици евра, посочи Димче Арсковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Како што рече тој, очигледна е нервозата на Рашковски и на целата Влада во врска со обелоденувањето на вистината за висината и цените на чартер-летовите.

„Ќе земеме како пример цени за само 3 дестинации, од каде што се враќаат македонските граѓани во Скопје. Цената на чартер-летот од Малта до Скопје чини 25.000 евра од авион. Цената на чартер-летот од Минхен до Скопје чини 32.000 евра од чартер-авион. А цената на летот од Загреб, кој е најблиску до Скопје, чини цели 42.500 евра од чартер-авион“, посочи партискиот портпарол нагласувајќи дека билет во еден правец од Загреб до Скопје во нормални услови чини само стотина евра.

„Авион со 180 патници, какви што впрочем има компанијата ‘Визер’ и за секој патник билетот чини 100 евра, колку што отсекогаш чинела, целиот чартер-авион би требало да чини околу 18.000 евра. Каде е преостанатата разлика од 24.500 евра конкретно за летот од Загреб до Скопје? Класично воено профитерство и печалење врз грбот на граѓаните“, истакна Арсовски.

Сепак, како што рече тој, во моментот најважно за сите е да помине оваа криза и да се сочува здравјето на граѓаните најдобро што може, а потоа најави декја ќе излезе на виделина целиот сомнеж за криминал што ќе биде посебна тема за разговор.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од парите што ги добива од буџетот

Објавено пред

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од народните пари што од буџетот ги добиваат политичките партии, изјави денеска Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форумот на жените на СДСМ.

Како што истакна таа, во време кога е важен секој денар, кога треба да се покаже одговорност, Мицкоски не е спремен од ништо да се откаже.

„За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна. Од истиот дворец од кој секојдневно шири невистини, без докази врши притисок врз институциите кои се борат со сите сили против коронавирусот“, истакна претставничката на СДСМ.

Како што рече Калеска-Ванчева, ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал како Мицкоски во време на криза.

„Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, ова не е борба за твојот политички опстанок. СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и здружена акција против коронавирусот“, посочи таа.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија14 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија14 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија15 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија15 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија17 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија17 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет17 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија19 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет19 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет22 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија22 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет23 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет23 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет23 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија24 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија2 дена

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие