Контакт

Соопштенија

СДСМ: За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен

Објавено пред

Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од 1 октомври граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно, го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови во интерес на нашите граѓани лековите да се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеќе паника, метеж и чекање во редици пред аптеките, соопшти СДСМ.

„Воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија. Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести, вложуваме во нови лекови за ретки болести.

За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари.

Денес, никој не чека лек ниту, пак, некој е надвор од регистарот.

Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат, а ВМРО-ДПМНЕ лицемерно лаже

Објавено пред

Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Слаѓана Митовска од опозициската партија која кажа дека ќе поднесат предлог-закон за зголемување на пензиите.

Од СДСМ пак велат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ пензиите ги усогласувала надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори.

„Денес пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своите изјави покажуваат само безидејност и лицемерие.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат на страна

Објавено пред

Не само што се против евроинтеграциите и членството во НАТО, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури и навиваат против напредокот, велат од СДСМ како реакција на изјавата на портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, кој обвини дека Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со, како што кажа, политичкото дејствување на Зоран Заев.

Од владејачката партија, пак, објаснуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и НАТО и против реформите.

„Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна. Без разлика, колку и да се против ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува по вистинскиот, правиот пат на развој, напредок и инетграција“, посочуваат од СДСМ, додавајќи дека патот на ВМРО-ДПМНЕ води само кон обнова на криминалот и режимот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка треба да си поднесе целата Влада

Објавено пред

Оставка е потребна од целата Влада не само од поединци од третиот ешалон на власта. Заменик-министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот едно евро за Вицето го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта, потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболиран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот „Рекет“, а уште не е повикан ниту на разговор.

„Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудиодокументиран како мести тендер од 1,8 милион евра. Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ. Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барал рекет од неколку милиони евра. Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно така и на локално ниво. Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев, Македонија само тапка во место. Со Заев, Македонија нема иднина“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа27 минути

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија2 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија3 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија4 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија4 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет5 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион6 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија6 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет8 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет8 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет8 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион9 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа9 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија19 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет21 час

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија23 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион1 ден

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт1 ден

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет1 ден

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Досие