Контакт

Соопштенија

СДСМ: „Зелена нафта“ и повеќе пари за малите земјоделски стопанства

Објавено пред

Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците, соопшти владејачката СДСМ.

„За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.

Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари.

Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“ порача СДСМ.

Соопштенија

ГДУ: Марин ветуваше зеленило, а со мегазгради го задуши Аеродром

Објавено пред

Наместо дрва, никнаа згради. Тоа е единственото што се работи во општина Аеродром. Златко Марин ветуваше зеленило, а со мегаобјектите го задуши Аеродром, велат во соопштение од Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

Од партијата истакнуваат оти Марин уверувал дека ќе ја сопре изградбата на десеткатницата кај „Мајчин дом“, но, како што велат, по седнувањето во фотелјата, со негова дозвола е уништена единствената зелена површина што останала по должината на булеварот Јане Сандански.

„Очигледно е дека неговите ветувања што ги даде во времето кога се кандидира беа само празни зборови. Просто човек да се запраша дали ја има прочитано програмата со која го доби мандатот? Бараме Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73.000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив? Неговиот имиџ не може да го подобри ниту една агенција. Трошењето толку пари за имиџ на градоначалник е срамно и бесмислено“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека 6.000 евра месечно Марин ќе плаќа за агенција да му одредува како да се движи и што да зборува на јавните настапи, па и на социјалните медиуми да го фали колку е добар и колку тој работи.

„Ни фалби, ни „Фејсбук“, ни „Твитер“ не помага. Граѓаните гледаат и знаат и не ве избираа за  да трошите пари на вашиот имиџ и да ја покривате неспособноста, туку да им овозможите поубав живот“, истакнуваат од ГДУ, од каде што порачуваат дека премиерот Заев не смее да молчи за ваквите скандалозни однесувања на неговите, како што велат, неспособни градоначалници.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: Законот за Националниот парк Маврово би ја спречил изградбата на хидроелектрани

Објавено пред

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) бара итно да се поканат претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција, со чија помош би се доработил постојниот нацрт на законот за прогласување на Националниот парк Маврово.

Од партијата сметаат дека со усвојување на законот ќе се стави крај на понатамошната узурпација на просторот во заштитеното подрачје.

„Потсетуваме дека од 2011 година, кога формално почна постапката, сè уште не е донесен закон за прогласување на Националниот парк Маврово. Нерешениот статус овозможува Владата да излегува во пресрет на иницијативи за изградба на објекти (хидроакумулации, мали хидроелектрани, каменоломи, патишта, туристички зони и слично) во заштитеното подрачје“, се вели во партиското соопштение. во кое се додава дека натамошната изградба на нови објекти во овој национален парк е штетна за заштитата на биолошката разновидност.

Според ДОМ, реализацијата на градби во заштитеното подрачје може да го актуализира спорот со Бернската конвенција, што земјата ја ратификувала уште во 1997 година.

„Секретаријатот на Бернската конвенција отвори спор во 2015 година поради најавите за изградба на акумулациите ‘Бошков Мост’ и ‘Луково Поле’ и на речиси 20 мали хидроелектрани во границите на заштитеното подрачје. Од планираните 20 мали хидроелектрани, 4 се веќе изградени, а за 3 се доделени концесии и изградбата може да почне во секој момент“, стои во соопштението, каде што се истакнува и дека изградбата на мали хидроелектрани во националниот парк е спротивно на Бернската конвенција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев не го полнат буџетот на државата

Објавено пред

Економијата во Македонија секој ден тоне сè повеќе откако СДСМ е на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов од владејачката партија, кој рече дека по 13 години, државата бележи подобрување на кредитниот рејтинг.

Меѓутоа, според опозициската партија, задолжувањето секој ден сè повеќе расте, a реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од годинава е под 10 проценти.

„Со лагите на Зоран Заев не може да се скрие фактот дека во Македонија има над 500.000 граѓани што живеат под прагот на егзистенцијата. Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци“, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ исто така порачува дека времето на оваа Влада забрзано истекува, односно доаѓа време на реални проекти, економски прогрес и нова влада.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет40 минути

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ3 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија3 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа5 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија7 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија7 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет7 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион8 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија10 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт10 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет10 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет11 час

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија11 час

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија12 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech14 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток1 ден

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие